Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSK 50 Originalbetriebsanleitung Seite 117

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSK 50:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 8
OBJ_BUCH-1038-004.book Page 117 Tuesday, November 11, 2014 2:36 PM
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
пневматските алати кои не ги користите. Овој
пневматски алат не смее да го користат лица кои
не се запознаени со него или не ги имаат
прочитано овие упатства. Пневматските алати се
опасни, доколку ги користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо пневматските алати.
Проверете дали подвижните делови
функционираат беспрекорно и не се заглавени,
дали се скршени или оштетени, што може да ја
попречи функцијата на електричниот алат.
Поправете ги оштетените делови пред
користењето на пневматскиот алат. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
пневматски алати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги пневматските алати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши. На тој
начин создавањето прав, вибрациите и создавањето
бучава ќе се намалат што е можно повеќе.
 Пневматскиот алат треба да се употребува и
подесува исклучиво од страна на квалификувани
и школувани корисници.
 Пневматскиот уред не смее да се модифицира.
Промените може да ја намалат делотворноста на
сигурносните мерки и да го зголемат ризикот за
корисниците.
Сервис
 Поправката на Вашиот пневматски алат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на пневматскиот
алат.
Безбедносни напомени за пневматски уреди
со муниција
Носете заштитни очила.
 Појдете секогаш од тоа, дека пневматскиот алат
секогаш мора да има муниција. Невнимателното
ракување со пневматскиот алат може да доведе до
неочекувано исфрлување на муницијата и да Ве
повреди.
 За време на работата држете го пневматскиот
алат така што ќе ги заштитите главата и телото од
можен повратен удар поради некоја пречка во
напојувањето со енергија или од тврдите места на
делот што се обработува.
 Не го насочувајте пневматскиот алат кон себе или
кон други лица во близина. При неочекувано
активирање на апаратот ќе се исфрли муниција, што
може да доведе до повреди.
 Не го користете пневматскиот алат, пред добро да
го зацврстите на делот што се обработува.
Доколку пневматскиот алат нема контакт со делот
што се обработува, муницијата може да се одбие од
местото на прицврстување и пневматскиот алат
може да се преоптовари.
Не работете на скали или скелиња,
доколку е поставен системот на
активирање „Активирање на контакт".
Не смеете да менувате од едно место
на набивање на друго, особено не
преку скелиња, скали или скалести конструкции, да
затворате сандаци или прегради или да поставувате
транспортни осигурувачи на пр. на возила и вагони.
Кај овој систем за активирање, секој пат кога ќе го
поставите пневматскиот алат невнимателно и ќе го
притиснете осигурувачот за активирање, може да се
исфрли муниција. Ова може да доведе до повреди.
Bosch Power Tools
 Внимавајте на условите на работното место.
Муницијата може да ги пробие тенките предмети или
при работење во ќошеви и на рабови може да слизне
од делот што се обработува и притоа да ги доведе
луѓето во опасност.
Прекинете го напојувањето со воздух,
доколку муницијата се заглави во
пневматскиот алат. Доколку
пневматскиот алат е приклучен, при
вадењето на заглавената муниција би
можел случајно да се вклучи.
 Бидете внимателни при вадењето на заглавената
муниција. Системот може да се преоптовари и
муницијата да се исфрли со голема јачина, додека се
обидувате да ја одглавите.
 Не го користете пневматскиот алат за
прицврстување на електрични кабли. Тој не е
наменет за инсталација на електрични кабли, може
да ја оштети изолацијата на електричниот кабел и на
тој начин да предизвика електричен удар и опасност
од пожар.
 Како извор на енергија за пневматскиот алат
никогаш не користете кислород или запаливи
гасови. Запаливите гасови се опасни и може да го
доведат пневматскиот алат до експлозија.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за
да ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може
да доведе до експлозија. Навлегувањето во
водоводни цевки предизвикува оштетување.
 Пневматскиот алат може да се приклучува само
на кабли, каде максималниот дозволен притисок
на пневматскиот алат не треба да се пречекори за
повеќе од 10 %; при повисок притисок мора да се
вгради вентил за регулирање на притисокот
(редуктор на притисокот) со дополнителен
вентил за ограничување на притисокот во водот
со компресиран притисок. Превисокиот притисок
може да предизвика абнормално работење или
кршење на пневматскиот алат, што може да доведе
до повреди.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Употреба со соодветна намена
Пневматскиот алат е наменет за поврзување при
кровопокривачки работи, поставување на оплати и
летви, како и при изготвување на ѕидни/плафонски
елементи, дрвени фасади, палети, дрвени огради,
ѕидови за заштита од бучава и сандаци.
Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-
иглици.), која се специфицирана во табелата „Технички
податоци".
Македонски | 117
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува
на приказот на пневматскиот алат на графичката
страница.
1 Штитник за делот што се обработува
2 Осигурувач при активирање
3 Тркалце за подесување на длабочината на
граничникот
4 Излез за воздух со подесливо капаче за
вентилација
5 Дршка
6 Приклучен елемент за воздух
7 Блокада за лизгачот на магацинот (GTK 40)
8 Магацин
9 Преклопник за системот за активирање
10 Чкрапало
11 Лизгач за магацинот (GTK 40)
12 Затегнувачки лост за отворање/затворање на
каналот на пукање (GTK 40)
13 Отвор
14 Блокада за магацинот (GSK 50)
15 Приказ за дополнување (GSK 50)
16 Спојница со брз затворач
17 Црево за довод на воздух
18 Ленти со хефт иглици*
19 Ленти со клинци*
20 Шина на магацинот (GSK 50)
21 Втиснувач
22 Депо за чување на штитникот на делот што се
обработува
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во
согласност со EN 12549.
Нивото на звук на пневматскиот алат, оценето со А,
типично изнесува: ниво на звучен притисок 96 dB(A);
ниво на звучна јачина 110 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Максималните вредности на осцилација a
h
несигурност K се дадени според
2
2
EN ISO 20643: a
<2,5 m/s
, K= 1,5 m/s
.
h
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" е сообразен со сите
релевантни одредби на директивата 2006/42/EG
вклучително и нивните промени, како и со следните
норми: EN 792-13.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 13.11.2014
1 609 92A 10X | (11.11.14)
и

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gtk 40

Inhaltsverzeichnis