Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GIS 1000 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 305

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIS 1000 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2270-005.book Page 305 Wednesday, September 21, 2016 5:29 PM
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само во
соодветна кутија како што е оригиналното пакување одн.
заштитната чанта (опрема). Не го чувајте на пр. во пласти-
чно кесе, бидејќи испарувањата може да го оштетат сен-
зорот за влажност на воздухот и околна температура 5. Не
лепете налепници во близина на сензорот на мерниот уред.
Не го складирајте мерниот уред подолг период надвор од
границите на влажност на воздухот од 30 до 50 %. Доколку
мерниот уред се складира на превлажно или пресуво
место, може да доведе до погрешни мерења.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
При чистењето во мерниот уред не смее да навлезе
течност.
Особено претпазливо исчистете ги сензорот за влажност
на воздухот и околната температура 5, камерата 22,
приемната леќа 23, светлата 24 и излезните отвори на
ласерот 2:
Внимавајте да нема влакненца на камерата, приемната
леќа или излезните отвори на ласерот. Камерата,
приемната леќа и излезните отвори на ласерот чистете ги
само со средства коишто се погодни за леќи од
фотоапарати. Не се обидувајте да ја извадите
нечистотијата од сензорот, камерата или приемната леќа
со остри предмети и не ги бришете камерата и приемната
леќа (опасност од гребнатини).
Во случај на поправка пратете го мерниот уред во
оригиналното пакување или заштитната чанта (опрема).
Доколку сакате нова калибрација на вашиот мерен алат,
обратете се на Сервисниот центар на Bosch (види
„Сервисна служба и совети при користење").
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на полначот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Мерните уреди, акумулаторот/батериите, опре-
мата и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната
канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU мерните уреди што се вон
употреба и дефектните или искористените
батерии според регулативата 2006/66/EC
мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на
напомените во дел „Транспорт",
cтрана 305.
При одложување, вградената батерија смее да се извади
само од страна на стручен персонал. Со отворање на
куќиштето, мерниот уред може да се уништи.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 305
1 609 92A 211 | (21.9.16)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis