Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GIS 1000 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 302

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIS 1000 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2270-005.book Page 302 Wednesday, September 21, 2016 5:29 PM
302 | Македонски
По потреба можете да ги затскриете следните вредности
на приказот: Просечна температура, релативна влажност
на воздухот, околна температура и температура на точката
на росење.
Повикајте го „Глав.мени" (види „Навигирајте до
„Глав.мени"", страна 302). Изберете го подменито
„Функции" и потоа „Корисн.режим". Овде можете да ги
вклучите и исклучите приказите „Просечна темп. ",
„Влаж.на возд.", „Собна темп." и „Точ.на рос.".
За мерење на температурата на површини можете да
изберете дали минималната и максималната вредност k на
скалата со резултати l треба автоматски да се прилагодат
или рачно да се утврдат. Одете во менито
„Корисн.режим" во подменито „Опсег на скала".
– Изберете „auto", доколку вредностите k треба
автоматски да се одредат како во режимот за
температура на површината. Минималната и
максималната вредност на температурата на мерниот
процес се појавуваат на приказот k, доколку разликата
на измерените вредности е поголема од 3 °C.
– Изберете „станд.постав.", за да ги утврдите рачно
вредностите. Подесете ги саканите вредности во
менито „Корисн.режим" во „Долна гран.на скал." и
„Горна гран.на скал.". На приказот k се појавуваат
рачно поставените минимална и максимална вредност.
Притоа можете да споредувате на пр. кадри од екранот
од различни мерења со помош на ознаката q.
За менување во корисничкиот режим вратете се во
стандардниот екран за приказ. Притискајте на копчето со
стрелка лево 15 или копчето со стрелка десно 11, додека
не се прикаже прозорецот „Корисн.режим" со кратко
објаснување на режимот. За да го затскриете предвремено
објаснувањето, притиснете на копчето за зачувување 9. За
да го отворите објаснувањето и веднаш да започнете со
мерење, притиснете на копчето Мерење 4.
Притиснете на копчето Мерење 4 и насочете го мерниот
уред вертикално на средината на мерниот објект. По
завршување на мерењето ќе се прикажат избраните
вредности.
Пренос на податоци
Пренос на податоци преку USB-интерфејс
Отворете го поклопецот 1. Поврзете го микро-USB-
отворот 26 на мерниот уред со помош на испорачаниот
микро-USB-кабел 8 со Вашиот компјутер или ноутбук.
Зачуваните JPG-датотеки може да се ископираат,
поместат или избришат од внатрешната меморија на
мерниот уред. Повторно затворете го поклопецот 1,
откако ќе го извадите микро-USB-кабелот.
Напомена: Поврзете го мерниот уред преку USB
исклучиво со компјутер или ноутбук. Уредот може да се
оштети доколку го приклучите на други апарати.
Напомена: Акумулаторот на мерниот уред не може да се
наполни преку USB-интерфејсот. За да го наполните
акумулаторот погледнете во „Работа со батерија",
страна 296.
1 609 92A 211 | (21.9.16)
Пренесување на податоци преку Bluetooth®
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, кој со
помош на радио техника овозможува пренос на податоци
до одредени мобилни терминали со Bluetooth®-интерфејс
(напр. смартфон, таблет).
Информации за потребните системски предуслови за
Bluetooth®-врска ќе најдете на интернет страната на Bosch
на www.bosch-professional.com.
За да воспоставите Bluetooth®-врска на мерниот уред,
повикајте го „Главн.мени" (види „Навигирајте до
„Глав.мени"", страна 302) и поставете го „Bluetooth" на
„вклуч.". На екранот се појавува приказот f. Проверете
дали Bluetooth®-интерфејсот на Вашиот мобилен
терминал е активиран.
За надградба на обемот на функции на мобилниот
терминал и за поедноставување на обработката на
податоци имате специјални Bosch-апликации (Apps) на
располагање. Тие може да се преземат во соодветните
продавници во зависност од терминалот:
По старт на Bosch-апликацијата (при активирани Blue-
tooth®-модули) се воспоставува врска помеѓу мобилниот
терминал и мерниот уред. Доколку се пронајдени повеќе
активни мерни уреди, изберете го односниот мерен уред.
Доколку е пронајден само еден активен мерен уред, се
воспоставува автоматска врска.
Напомена: При воспоставување на првата врска
(спарување) помеѓу мерниот уред и мобилен терминал
(напр. смартфон, таблет) може да ви биде побаран пин-
кодот за мерниот уред. Во овој случај внесете „0000".
При пренос на податоци со помош на Bluetooth® може да
настанат временски одложувања помеѓу мобилниот
терминал и мерниот уред поради лоши услови за прием.
„Глав.мени"
Навигирајте до „Глав.мени"
– За да влезете во „Глав.мени", при стандар-
ден екран за приказ кликнете на десното
функциско копче 10 под ознаката за мени m.
– За навигирање во едно од нивоата на
менито притискајте на копчето со стрелка
нагоре 16 одн. копчето со стрелка надолу
13, додека саканата точка од менито не се
нагласи во боја.
– Доколку во нагласената точка од менито
постои и подмени, тоа се означува со
стрелка надесно покрај „подесув...". За да
дојдете до подменито, притиснете на
копчето со стрелка десно 11.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis