Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GIS 1000 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 297

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIS 1000 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2270-005.book Page 297 Wednesday, September 21, 2016 5:29 PM
 Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Приказ на состојбата на наполнетост
Приказот на состојбата на наполнетост g на екранот ја
покажува состојбата на наполнетост на батериите одн.
акумулаторот 30.
Приказ
Капацитет
>2/3
≤2/3
≤1/3
≤10 %
Менување на батериите одн.
акумулаторот
Употреба
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци како и прав и
нечистотија.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Внимавајте на правилната аклиматизација на
мерниот уред. При големи температурни осцилации
времето на аклиматизација може да изнесува до
15 мин.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силните надворешни влијанија и при
девијации во функционалноста, мерниот уред треба да
се провери во овластена сервисна служба на Bosch.
 Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс.
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, напр. во авиони или болници.
Вклучување/исклучување
Извадете го заштитното капаче 21 од приемната леќа за
инфрацрвена светлина 23 и заштитното капаче 19 од
сензорот за влажност на воздухот и околната температура
5. За време на проц.на работа внимавајте камерата 22,
приемната леќа 23 и сензорот 5 да не се затвор., одн.
покриени, инаку нема да се изврши прец.мерење.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за
вклучување-исклучување 12 или копчето Мерење 4. На
екранот 18 се појавува стартна секвенца. По стартната
секвенца мерниот уред се наоѓа во режимот на работа
којшто е зачуван при последното исклучување. Ласерите
сè уште не се вклучени.
Bosch Power Tools
Исклучиво при првото ставање во употреба, по стартната
секвенца, дополнително се појавува менито „Уред", во
кое може да ги утврдите поставките на мерниот уред како
на пр. јазикот на сите прикази (погледнете во упатството
на „Подмени „Уред"", страна 303). Потврдете ги избрани-
те поставки со притискање на левото функциско копче 17.
Сите поставки можат дополнително да се променат во
подменито „Уред".
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Јачината на осветлувањето на екранот, при фабричка
поставка од 30 s, ќе се намалува по секое притискање на
копчето заради заштеда на енергија. При притискање на
некое од копчињата, осветлувањето на екранот ќе се
вклучи со полна јачина. Во менито „Времетр.на свет."
можете да го промените ова време на осветлување (види
„Времетр.на свет.", страна 303).
За исклучување на мерниот уред притиснете на копчето за
вклучување-исклучување . Мерниот уред го зачувува мо-
менталниот режим на работа како и поставките и потоа се
исклучува. Повторно поставете го заштитното капаче 21
на приемната леќа 23 и заштитното капаче 19 на сензорот
за влажност на воздухот и околната температура 5.
Не го исклучувајте мерниот уред со вадење на акумула-
торот одн. батерискиот адаптер, бидејќи може да се
оштети внатрешната меморија.
Во менито „Време на исклуч." можете да поставите дали
и по колкав временски интервал автоматски ќе се исклучи
мерниот уред без притискање на копчиња/мерење (види
„Време на исклуч.", страна 303). И при автоматско
исклучување ќе се зачуваат моменталниот режим на
работа како и поставките.
Доколку акумулаторот одн. мерниот уред се наоѓа надвор
од границите на температурата наведена во Технички
податоци, тогаш мерниот уред автоматски се исклучува по
кратко предупредување (види „Дефект – Причини и
помош", страна 303). Оставете го мерниот уред да се
истемперира и потоа повторно вклучете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред
само доколку го користите.
Подесување на степенот за зумирање
Исечокот на сликата на екранот може да се прикаже за
тековните мерења како и при „плејбек" пуштање на
зачувани кадри од екранот во три различни степени на
зумирање: 0,5 m, 2 m и 5 m.
Степените за зголемување се оптимирани за соодветното
растојание помеѓу мерниот уред и мерниот објект: При
измерено растојание од 2 m степенот на зумирање „2 m"
го репродуцира (типично) најдобриот исечок на сликата.
Моменталниот степен на зумирање ќе се појави на
приказот e. За зголемување на степенот на зумирање
притиснете на копчето со стрелка нагоре 16, а за
намалување на копчето со стрелка надолу 13.
Македонски | 297
1 609 92A 211 | (21.9.16)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis