Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GIS 1000 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 298

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIS 1000 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2270-005.book Page 298 Wednesday, September 21, 2016 5:29 PM
298 | Македонски
Осветлување на мерната површина
При мерење во темни подрачја можете да ги вклучите
светлата 24, за да го подобрите приказот на содржината на
екранот. Ова може да Ви помогне да постигнете подобар
резултат при зачувување на кадри од екранот.
За вклучување одн. исклучување на светлата 24
притиснете на копчето 14.
Светлата ќе се изгасат автоматски заради заштеда на
енергија, доколку се намали јачината на осветлувањето на
екранот. Во менито „Времетр.на светл." можете да го
промените ова време на осветлување (види „Времетр.на
свет.", страна 303). При повторно вклучување на
осветлувањето на екранот, светлата нема да се вклучат
автоматски.
Доколку состојбата на наполнетост на акумулаторот се
наоѓа во критични граници, светлата не стојат на
располагање поради заштеда на енергија.
Подготовка за мерење
Подесување на степенот на емисија при мерење на
температурата на површини
За одредување на температурата на површината, ќе се
измери бесконтактно природното инфрацрвено
топлинско зрачење, коешто го испраќа целниот објект. За
точни мерења, мора поставениот степен на емисија (види
„Степен на емисија", страна 304) на мерниот уред да се
провери при секое мерење и доколку е потребно за се
прилагоди на мерниот објект.
За да го промените поставениот степен на емисија,
повикајте го „Главн.мени" (види „Навигирајте до
„Глав.мени"", страна 302).
– За најчестите материјали на располагање имате
зачувани степени на емисија. Во точката од менито
„Материјал" изберете го соодветниот материјал.
Соодветниот степен на емисија  ќе биде прикажан во
редот подолу.
– Доколку Ви е познат точниот степен на емисија на
Вашиот мерен објект, истиот можете да го подесите
како бројна вредност во точката од менито „Степен на
емисија".
Информирајте се за степенот на емисија на Вашиот
материјал. Покрај материјалите зачувани во мерниот
уред, ќе пронајдете уште неколку во следната табела.
Материјал
Степен на емисија
Алуминиум, оксидиран
0,25
Месинг, оксидиран
0,61
Железо, за'рѓано
0,65
Железо, поцинкувано
0,25
Кровна лепенка
0,90
Стакло
0,88
 Прецизни прикази на температурата на површините
се можни, доколку степенот на емисија и степенот на
емисија на објектот се совпаѓаат. Точните напомени за
топлинските мостови и опасноста од создавање на мувла
зависат исто така од поставениот степен на емисија.
1 609 92A 211 | (21.9.16)
Доколку се мерат повеќе мерни објекти од различен
материјал одн. различна структура за време на еден
процес на мерење, тогаш приказот на температура на
површината е обврзувачки само кај објектите коишто се
соодветни на поставениот степен на емисија.
Мерна површина при мерења на температурата на
површини
Ласерските точки коишто ги емитира мерниот уред го
покажуваат левото и десното ограничување на кружната
мерна површина. При бесконтактно мерење на
температурата на површини ќе се одреди инфрацрвеното
зрачење на оваа мерна површина.
За оптимален мерен резултат насочете го мерниот уред
што е можно повертикално кон средишната точка на
мерната површина.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Растојанието на ласерските точки и со тоа и големината на
мерната површина се зголемуваат со растојанието помеѓу
мерниот уред и мерниот објект.
 Не го оставајте мерниот уред директно на жешки по-
вршини. Јаката топлина може да го оштети мерниот уред.
Доколку ласерските точки не се доволно препознатливи,
можете да ги вклучите Мерн.рамки b на екранот (види
„Мерни рамки", страна 303). Мерните рамки може да се
користат како индикатор за мерната површина и служат за
подобра ориентација.
Во зависност од измереното растојание, мерните рамки
може да отстапуваат од мерната површина. Подрачјето
коешто се наоѓа помеѓу ласерските точки е одлучувачко за
мерењето.
Напомени за мерните услови
Површините со јака рефлексија или сјајните површини (на
пр. сјајни плочки или блескавите метали) можат да го
попречат мерењето на температурата на површините. По
потреба, облепете ја мерната површина со темна, мат
леплива лента, којашто е добар спроводник на топлина.
Оставете ја лентата да се темперира на површината.
При рефлектирачки површини внимавајте на поволниот
мерен агол, за да не се фалсификува резултатот поради
рефлектираното топлинско зрачење од другите објекти.
На пример, при вертикални мерења од предната страна,
рефлексијата на Вашата телесна топлина може да го
попречи мерењето.
Мерењето низ транспарентни материјали (на пр. стакло
или транспарентна пластика) не е возможно.
Поради тоа мерните резултати ќе бидат попрецизни и поси-
гурни доколку се подобри и постабилни мерните услови.
Сензорот за влажност на воздухот и околната температура
5 може да се оштети поради хемиски штетни материи како
на пр. испарувања на лакови и бои. Инфрацрвеното
мерење на температурата се попречува поради чад, пареа
или правлив воздух.
Затоа пред мерењето проветрете ја просторијата,
особено доколку воздухот е нечист или полн со пареа.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis