Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GIS 1000 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 300

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIS 1000 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2270-005.book Page 300 Wednesday, September 21, 2016 5:29 PM
300 | Македонски
– За испраќање на прикажаниот измерен
резултат преку Bluetooth® притиснете на
копчето за зачувување/испраќање 9.
Доколку Bluetooth®-врската сè уште не е
воспоставена (види „Пренесување на
податоци преку Bluetooth®", страна 302),
таа ќе се активира со притискање на
копчето за зачувување/испраќање.
– За бришење на прикажаната фотографија
на екранот притиснете на десното
функциско копче 10 под ознаката за корпа
за отпадоци.
– За да го потврдите процесот на бришење,
притиснете на левото функциско копче 17
под ознаката со кука.
– За да го прекинете процесот на бришење,
притиснете на десното функциско копче 10
под ознаката со крст.
– За да излезете од приказот на галерија и да
се вратите во режимот на мерење,
притиснете на левото функциско копче 17
под ознаката Назад.
Исто така можете да ги избришете сите зачувани датотеки
одеднаш. За тоа погледнете во „Бриш.на сите слики",
страна 303.
Режим на температура на површини
Во режимот на температура на површини се мери
температурата на површината на мерниот објект.
Во овој режим можете да лоцирате на пр. прегреани осигу-
рувачи или водови со вода за загревање или топла вода.
За менување во режимот на температура на површини
вратете се во стандардниот екран за приказ. Притискајте
на копчето со стрелка лево 15 или копчето со стрелка
десно 11, додека не се прикаже прозорецот „Темпе-
ратура на површ." со кратко објаснување за режимот. За
да го затскриете предвремено објаснувањето, притиснете
на копчето за зачувување 9. За да го затскриете објасну-
вањето и веднаш да започнете со мерење, притиснете на
копчето Мерење 4.
Притиснете на копчето Мерење 4 и насочете го мерниот
уред вертикално на средината на мерниот објект. По
завршување на мерењето температурата на површината
на последниот целен објект ќе се фиксира на приказот o.
При континуирано мерење последно измерената темпе-
ратура на површината ќе се прикаже со ознаката q на ска-
лата со резултати l. Минималната и максималната вред-
ност на температурата на мерниот процес се појавуваат на
приказот k, доколку разликата на измерените вредности е
поголема од 3 °C. На тој начин можете да препознаете
колку е висока моменталната измерена вредност во
споредба со веќе измерените температури.
1 609 92A 211 | (21.9.16)
Аларм за температурата на површината
Алармот за температура на површината може да се ко-
ристи во сите режими. Можете да утврдите минимална и
максимална температура.
Доколку се пречекори минималната температура,
приказот за аларм за температурата n трепка сино и
доколку е вклучен сигналниот тон се слуша сигнал за
предупредување.
Доколку се пречекори максималната температура,
приказот за аларм за температурата n трепка црвено и
доколку е вклучен сигналниот тон се слуша сигнал за
предупредување.
За да можете да го користите алармот за температура на
површината, повикајте го „Главн.мени" (види
„Навигирајте до „Глав.мени"", страна 302).
– Изберете го подменито „Функции".
– Поставете ги „Аларм мин./макс." на „вкл.".
– Во „Аларм мин." поставете ја минималната
температура.
– Во „Аларм макс." поставете ја максималната
температура.
Минималната и максималната температура ќе се зачуваат
и доколку го поставите алармот на „искл.".
Мерење на контактната температура
При мерење на контактната температура можете директно
да ја измерите температурата на објектот со помош на
обичен термоелемент од тип K.
Напомена: Користете исклучиво термоелементи од типот
K. При приклучување на други типови на термоелементи
можно е да се појават погрешни резултати.
Отворете го поклопецот 1 и приклучете го
термоелементот на приклучокот 25.
 Прочитајте го и внимавајте на упатството за
употреба на термоелементот.
 Поради физички причини, мерењето со термоеле-
мент од типот K може да е чувствително на елек-
трични и магнетни полиња. Се препорачува про-
верка на веродостојноста на приказната вредност.
Ненадејното исклучување на уредот, предизвикано
од електрични или магнетни пречки, не влијае на
функцијата на уредот. Препорачуваме користење
на оригинална опрема од Bosch.
Штом ќе се приклучи термоелементот, се појавува
приказот t на екранот. Измерената вредност на приказот
континуирано се ажурира. Почекајте сигурен резултат,
одн. додека измерената вредност не престане да се
менува. Во зависност од конструкцијата на
термоелементот, ова може да потрае неколку минути.
Контактната температура може да се измери во секој
режим дополнително кон температурата на површината.
За одредување на топлинските мостови и опасноста од
мувла секогаш ќе се користи температурата на
површината.
Доколку се извади термоелементот, функционалниот
приказ t се гаси на екранот. По вадењето на
термоелементот повторно затворете го поклопецот 1.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis