Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch Climate Room Control CRC R-1 Installations- Und Bedienungsanleitung Seite 146

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 33
Објаснување на симболите и безбедносни напомени
1
Објаснување на симболите и
безбедносни напомени
1.1
Објаснување на симболите
Предупредување
Во предупредувањата, сигналните зборови посочуваат кон
типот и сериозноста на последиците ако не се следат
мерките за избегнување на опасноста.
Дефинирани се следните сигнални зборови и може да се
употребуваат во овој документ:
ОПАСНОСТ
ОПАСНОСТ означува дека ќе се случат тешки до смртни
лични повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ означува дека може да се случат
тешки до смртни лични повреди.
ВНИМАНИЕ
ВНИМАТЕЛНО означува дека може да се случат лесни до
средни лични повреди.
HAПOMEHA
НАПОМЕНА значи дека може да се случат материјални
штети.
Важни информации
Важните информации без опасности за лични или
материјални штети се означени со прикажаниот симбол за
информации.
1.2
Општи безбедносни напомени
H Напомени за целната група
Мора да се следат насоките во сите упатства релевантни за
системот. Ако не се следат насоките, може да дојде до
материјални штети и лични повреди, коишто може да бидат
дури и смртоносни.
146
▶ Инсталацијата, проверката, поправките, промените и
релокацијата смее да се изведуваат само од
квалификуван инсталатер или сервисер.
▶ Прочитајте ги упатствата за монтажа за сите компоненти
на системот пред монтажата.
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и
предупредувањата.
▶ Внимавајте на националните и регионалните прописи,
технички правила и регулативи.
▶ Документирајте го сработеното.
H Прописна употреба
▶ Користете го производот исклучиво за регулација на
сплит клима уреди.
Секоја друга употреба се смета за непрописна. Штетите што
резултираат од неа се исклучени од гаранцијата.
H Безбедност на електричните уреди за домашна
употреба и слични намени
Со цел да се избегнат опасности, важат следниве
спецификации во однос на EN 60335-1:
«Овој уред можат да го користат деца над 8-годишна
возраст, како и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности, или пак без искуство и знаење,
земајќи предвид дека се под надзор или добиваат упатства
како безбедно да го користат уредот и ги разбираат
опасностите што произлегуваат од употребата. Децата не
смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не
смеат да се изведуваат од страна на деца без да бидат под
надзор.»
«Доколку се оштети кабелот за струја, истиот мора да го
замени производителот или сервисна служба, или пак
друго квалификувано лице со цел да се избегнат
опасностите што произлегуваат од замената.»
2
Податоци за производот
2.1
Изјава за сообразност
Овој производ соодветствува на европските и
националните законски побарувања во поглед на
конструкцијата и работата.
Со CE-ознаката се упатува на тоа дека производот е
сообразен во однос на сите применливи
регулативи на ЕУ со кои се предвидува примената
на ознаката.
Целосниот текст од изјавата за сообразност можете да ја
пронајдете на интернет: www.bosch-climate.rs.
Climate Room Control – 6721841498 (2023/04)

Werbung

loading