Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga MH 500 Li 48 Gebrauchsanweisung Seite 248

Batteriebetriebener langschaft-heckenschneider
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MH 500 Li 48:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 85
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТО
Безбедносните одредби што
треба да ги следите се дадени во
поглавје 2. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
Пред да извршите каква
било контрола, исчистете или
интервенирајте кај одржувањето/
регулацијата на машината:
• Застанете ја машината;
• Застанете го уредот за сечивото;
• Извадете ја батеријата од лежиштето;
• Ставете ја заштитата за сечивото дури и
при интервенција на самото сечиво;
• Проверете дали моторот е соодветно
изладен;
• Прочитајте ги соодветните упатства;
• Носете соодветна облека, работни чевли
и заштитни очила.
Зачестеноста и висот на интервенција се
дадени во „Табелата за одржување". Табелата
го прикажува опсегот што ќе ви помогне при
одржување на ефикасноста и безбедноста
на машината. Во неа се прикажани главните
интервенции и предвидените интервали
за секоја од ставките. Извршете ја
соодветната постапка пред првата појава.
• Употребата на резервни делови и
дополнителна опрема коишто не се
оригинални и/или не се правилно
поставени, може да доведе до несакани
ефекти врз работата и безбедноста
на машината. Производителот ја
отфрла сета одговорност во случај
на штети, инциденти или повреди
предизвикани од такви производи.
• Оригиналните резервни делови се
набавуваат во сервисните центри или
кај авторизираните застапници.
ВАЖНО Сите работи за одржување
и регулација коишто несе опишани во
ова упатство треба да се извршат кај
застапникот или во овластен сервис.
7.2 АКУМУЛАТОР
7.2.1 Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата
главно е условена со:
a. факторите на средината на работа
коишто предизвикуваат најголема
потрошувачка на батеријата:
– сечење/регулација на грмушки
со многу лисја или мокри,
– сечење/регулација на жбунови
чии гранки се многу големи,
b. однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во
текот на работата,
– употреба на несоодветна техника
за сечење во однос на работата што
треба да се заврши (пасус 6.4.1);
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
• сечете ја грмушката кога е сува,
• користете ја најсоодветната
техника за работа.
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
• да набавите втора стандардна
батерија за да ја замените веднаш
потрошената батерија без да треба
да ја прекинувате работата,
• да набавите батерија со поголема
автономија во однос на стандардната
батерија (пасус 15.1).
7.2.2 Исклучување и полнење
на батеријата
1. Притиснете го копчето на батеријата (сл.
10.А) и извадете ја од местото (сл. 10.B);
2. ставете ја батеријата (сл. 11.А) на
своето место за полнење (сл. 11.B);
3. поврзете го полначот на батерии
(сл. 11.b) во извор на ел. енергија
со соодветен напон како оној
што е посочен на етикетата.
4. Секогаш полнете го до крај следејќи
ги упатствата дадени во упатството за
батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се
доставува со заштита што го прекинува
полнењето ако температурата во
средина не е меѓу 0 и +45 °C.
MK - 10

Werbung

loading