Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga MH 500 Li 48 Gebrauchsanweisung Seite 244

Batteriebetriebener langschaft-heckenschneider
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MH 500 Li 48:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 85
4. Тип на машината
5. Сериски број
6. Име и адреса на производителот
7. Код на производ
Запишете ги податоците за
идентификација за машината на
соодветните места на дадената етикета
од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО
Користете ги дадените податоци
за идентификација секојпат кога контактирате
со овластен центар.
ВАЖНО Примерот за изјавата за
усогласеност се наоѓа на последната
страница во упатството.
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните
главни делови коишто соодветствуваат
на следните функции (сл.1 ):
A. Мотор: обезбедува движење
на уредот со сечивото.
B. Шипка со команди: тука се наоѓаат
главните команди за забрзување.
C. Задна рачка: рачка за потпора
поставена во задниот дел на шипката
со команди. Се држи со десната рака.
D. Предна рачка: рачка за потпора
поставена на шипката со команди.
Се држи со левата рака.
E. Уред со поткаструвач: уред
предвиден за кастрење и обликување
на грмушки. Се доставува
монтиран на соодветната оска.
F.
Заштитна опрема: платнени ремени
што минуваат под рамениците.
Помага да се издржи тежината на
машината во текот на работата.
G. Сечиво (уред со сечиво): соодветен
елемент за сечење на вегетација.
H. Заштита за сечивото (при транспорт и
преместување на машината): спречува
несакан контакт со уредот со сечивото
што може да доведе до тешки повреди
I.
Батерија (ако не се доставува со
машината, погледнете го поглавјето 15
„Дополнителна опрема на барање"):
уред којшто овозможува електрично
напојување за машината. Нејзините
одлики и условите за употреба се
опишани во засебно упатство.
J.
Полнач за батеријата (дополнителна
опрема по избор, пасус 15.2):
уред којшто служи за полнење
на батеријата. Неговите одлики и
условите за употреба се опишани во
засебно упатство. Достапни се два
модели на полначи на батеријата:
L1 (брзо полнење на батеријата); L2
(стандардно полнење на батеријата).
4. МОНТИРАЊЕ
Безбедносните одредби што
треба да ги следите се дадени
во поглавје 2. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината
веројатно не се монтирани во фабриката,
туку треба да се монтираат по вадење на
амбалажата следејќи ги следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и
рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати. Не користете
ја машината пред да завршите
со сите постапки наведени во
поглавјето „МОНТИРАЊЕ".
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1 Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
4.2 МОНТИРАЊЕ НА УРЕДОТ НА
ПОТКАСТРУВАЧОТ ЗА ГРМУШКИ
Пред да започнете со
монтирање, уверете се дека
батеријата не е на своето место.
• Вметнете ја шипката со командите (сл.
3.A) во уредот за кастрење (сл. 3.B).
• Лизнете го вратот (сл. 3.C) нагоре и
свртете го во правецот на стрелките
на часовникот да се затегне докрај.
MK - 6

Werbung

loading