Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga MH 500 Li 48 Gebrauchsanweisung Seite 247

Batteriebetriebener langschaft-heckenschneider
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MH 500 Li 48:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 85
– да сте вежбале на начин што ќе доведе до
неопходната запознаеност со машината
и со најчестите техники за сечење.
За да работите се машината,
постапете како што следи:
• секогаш закачувајте ја машината за појасот
правилно поставена (видете пасус 6.1.3)
• Во текот на работата, машината
секогаш мора да се држи цврсто со
двете раце, со тоа што левата рака
е поставена на предниот ракофат, а
десната на задниот независно дали
операторот е левучар или десничар.
Не вадете го исечениот материјал
или држете го цврсто материјалот за
сечење кога сечивото е во функција.
Уверете се дека машината е исклучена
кога ги вадите исечениот материјал.
ЗАБЕЛЕШКА За време на работата,
батеријата е заштитена од комплетно
празнење преку заштитниот уред кој што ја
исклучува машината и ја блокира работата..
6.4.1 Техника на работа
Секогаш се претпочита да се сече првиот
и вториот ред вертикални израстоци на
грмушката, а потоа легнатите делови.
ЗАБЕЛЕШКА Автономијата на
батеријата (што значи обработена
површина со вегетација пред повторно
полнење) вообичаено е условена со
разни фактори дадени во (пасус 7.2.1).
6.4.1.a
Вертикално сечење
Ножот треба да се постави со кружно
движење оддолу нагоре со тоа што
сечивото ќе се држи што е можно
подалеку од телото (сл. 8).
6.4.1.b
Хоризонтално сечење
Најдобри резултати се постигнуваат кога
сечивото (сл. 9) е благо закосено (0° - 15°) во
правец на сечењето, со кружно движење и
лесно и константно придвижување, особено
во случај на многу густи грмушки (сл. 9).
6.4.2 Совети за работа
Ако сечивото се блокира во текот на работата
или се заплетка во гранките на грмушката:
1. застанете ја веднаш машината (пасус 6.5);
2. уверете се дека уредот со
сечивото е застанат;
3. извадете ја батеријата (пасус 7.2.2);
4. Извадете го заглавениот материјал.
6.4.3 Подмачкување на сечивата
во текот на работата (сл.
Доколку уредот за сечење се
загрева премногу при работа, треба
да се подмачкуваат внатрешните
површини на сечивото (пасус 7.4).
Оваа операција треба да се изведе
кога машината е застаната и батеријата
е извадена од лежиштето (пасус 7.2.2).
6.5 ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја исклучите машината:
• Пуштете ги рачката за команда
на забрзувачот (сл. 5.A).
• Дезактивирајте го безбедносното
копче (изгасната сијаличка) (сл. 5.C).
Штом ќе ја застанете машината,
потребни се неколку секунди пред
да застане уредот за сечење.
Застанете ја секогаш машината:
– при менување на локацијата на работа.
При преместување, никогаш
не држете го прстот врз
безбедносниот прекинувач за да
избегнете случајно палење.
6.6 ПО РАБОТАТА
• Извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето (пасус 7.2.2).
• Ставете ја заштитата за сечивото.
• Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
• Исчистете ја машината (пасус 7.3).
• Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки.
ВАЖНО Секогаш вадете ја батеријата
(пасус 7.2.2) и ставете ја заштитата за
сечивото секојпат кога ја оставате машината
без надзор или нема да работите.
MK - 9

Werbung

loading