Herunterladen Diese Seite drucken

Stiga MH 500 Li 48 Gebrauchsanweisung Seite 242

Batteriebetriebener langschaft-heckenschneider
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MH 500 Li 48:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 85
• Cекогаш внимавајте на опкружувањето
и секогаш пазете на можните ризици
за кои можеби нема да бидете свесни
заради бучавата на машината.
• Во текот на работата, машината секогаш
мора да се држи цврсто со двете
раце. Употребата на една рака може да
предизвика да ја загубите контролата и
да доведе до сериозни лични повреди.
• Држете ги сите делови на телото
подалеку од сечивото. Не вадете го
исечениот материјал или држете го
цврсто материјалот за сечење кога
сечивото е во функција. Проверете
дали прекинувачот е во позиција
за исклучено кога го вадите
исечениот материјал. Еден момент
на невнимание во текот на работата со
поткаструвачот за грмушки може да
доведе до сериозни лични повреди.
• Транспортирајте го поткаструвачот
за грмушки држејќи го за рачката со
застанато сечиво. Секогаш ставајте
ја заштитата за уредот со сечивото
во текот на транспортот или кога ќе
ја одложите машината. Соодветното
движење со поткаструвачот за грмушки
ја намалува можноста од лични
повреди предизвикани од сечивото.
• Фаќајте го електричниот дел само за
изолираните површини на рачките
бидејќи сечивото може да дојде
во контакт со сокриените кабли.
Контакт на сечивото за косење со кабел
под напон може да ги електризира
металните делови на машината и
да предизвика електричен удар.
2.3 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина
треба да се извршува релевантно и
приоритетно при употреба на машината
во корист на граѓанските погодности
и на просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи
што го нарушуваат непосредното
опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу
рано наутро и доцна навечер кога
може да ги вознемирите луѓето).
• Доследно следете ги локалните закони
за фрлање на амбалажата, делови во
распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смеат да се фрлаат
во ѓубре, туку треба да се селектираат
и да се однесат во соодветни собирни
центри за рециклирање материјали.
• Следете ги во целост локалните
закони за фрлање на материјалите
што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата,
туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
Не фрлајте ги електричните апарати
заедно со домашен отпад. Во
согласност со директивата на ЕУ
2012/19/UE, отпадот што се состои од
електрични и електронски апарати е
ваша одговорност и, во согласност со
националните одредби, електричните
апарати за фрлање треба да се фрлат
засебно за да може подоцна повторно да се
употребат на еко-компатибилен начин. Ако
електричните апарати се одложат на
ѓубриште или на земја, штетните состојки
може да стапат во контакт со елементите во
почвата и да навлезат во синџирот на
исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје
и благосостојбата. За подетални информации
околу фрлањето на овој производ,
контактирајте со компетентни институции за
фрлање домашен отпад или со застапникот.
Откако ќе ѝ помине рокот на
употреба, извадете ја батеријата
обрнувајќи внимание на животната
средина. Батеријата содржи материјал
што е опасен за вас и за средината.
Треба да се извади и расклопи во засебен
сад што може да содржи литиумски јони.
Засебното собирање на производите
и искористените пакувања
овозможува рециклирање на
материјалите и повторна употреба.
повторната употреба на
рециклираните материјали спречува штета на
животната средина и ја намалува потребата
за примарни материјали.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска
опрема и конкретно преносен уред со
поткаструвач на грмушки на батерии.
Машината главно се состои од мотор
којшто активира уред за сечење.
MK - 4

Werbung

loading