Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

AEG Powertools WS 9-100 Originalbetriebsanleitung Seite 116

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für WS 9-100:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 18
a) Добро држете го електро-орудието и телото и
рацете ставете ги во позиција, во која што би можеле
да ја исконтролирате силината на повратните удари.
Секогаш употребувајте ја дополнителната рачка,
доколку има таква, за секогаш да ја имате најголемата
возможна контрола над силите на повратните удари
или реакционите моменти во случаевите на високи
свртувања. Корисникот со соодветни безбедносни мерки може
да ги совлада силите на повратните удари и реакционите сили.
b) Вашите раце никогаш нека не дојдат во близина на
вртечки орудија кои што се применуваат. Во случај на
повратен удар орудието би можело да се придвижи преку
Вашата дланка или рака.
c) Со Вашето тело избегнувајте го подрачјето во кое што
електро-орудието во случај на повратен удар ќе се движи.
Повратниот удар го тера електро-орудието во правец спротивен
од движењето на плочата за стругање на местото на блокирање .
d) Посебно внимателно работите во подрачјето на агли,
остри канти итн. Спречете, орудието за употреба да се
одбие од парчето кое што се работи или да се залави.
Ротирачкото орудие за употреба при агли, остри канти или кога
се одбива, е склоно кон тоа да се заглавува. Тоа предизвикува
губење на контролата или повратен ударo.
e) Не употребувајте ланци ниту забести дискови за
сечење. Таквите алати честопати предизвикуваат повратен удар
или губење на контролата над електро-алатот.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и
шлајфување со делење
a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење што
се одобрени за вашиот електро-алат како и заштитната
капа што е предвидена за таквите алати за брусење.
Алати за брусење, коишто не се предвидени за електро-алатот,
не можат да бидат доволно заштитени и се несигурни.
b) Секогаш употребувајте го заштитниот капак.
Заштитниот капак мора да биде наместен и наштелуван
на електро-алатот така, што ќе се постигне највисоко
ниво на безбедност, тоа значи најмал дел од
циркуларниот диск се појавува отворен кон корисникот.
Заштитниот капак треба да го заштити корисникот од парчиња и
од случаен контакт со телото за мазнење и сечење.
c) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за
препорачаните можности за употреба. На пример: никогаш
не брусење со страничната површина од диск за делење.
Дисковите за делење се наменети за отстранување на материјал
со работ на дискот. Дејството на странична сила врз овие тела за
брусење може да ги скрши истите.
d) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте
ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна
големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат
дискот за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од
кршење на дискот за брусење. Фланшите за дискови за делење
можат да се разликуваат од фланшите за други дискови за
брусење.
e) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај
помалите електро-алати и можат да се скршат.
Други специјални безбедносни упатства за брусење со
делење:
a) Избегнувајте блокирање на разделната плоча
или премногу голем притисок на притиснување. Не
изведувајте предлабоки засеци. Преоптоварување на
разделната плоча ја зголемува нејзината сопствена оптовареност
и склоноста кон закантување или блокирање и со тоа ја
зголемува можноста од повратен удар или пак кршење на делот
за стругање.
b) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за
делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот
за обработка во насока подалеку од себе, во случај на повратен
удар електро-алатот со дискот што се врти, може да се насочи
директно кон вас.
c) Доколку разделната плоча се заглави или Вие ја
прекинете работата, исклучете го апаратот и држете
го мирно, додека плочата сосема не застане. Никогаш
немојте да се обидете, разделна плоча која што сé уште
работи, да ја извлечете од засекот, затоа што во тој случај
може да дојде до повратен удар. Испитајте и поправете ја
причината за заглавувањето.
d) Никогаш не го вклучувајте повторно електро-алатот,
додека се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
циркуларниот диск да го достигне својот целосен број на
вртежи, пред внимателно да продолжите со сечењето. Во
спротивно дискот може да се заглави, да излета од материјалот
за обработка или да предизвика повратен удар.
e) Потпрете плочи или големи делови за работа, за да
го избегнете ризикот од повратен удар предизвикан од
приклештена разделна плоча. Големи делови за обработка
можат да се превиткаат под својата сопствена тежина. Парчето
за обработување мора да биде потпрено од двете страни и тоа
како во близина на разделниот засек така и на кантот.
f) Бидете посебно внимателни кај таканаречени „џепести
засеци„ во постоечки ѕидови или други подрачја кај кои
што не постои увид. Разделната плоча која што навлегува, при
сечење на водови на гас или вода, на струја или на други објекти,
може да предизвика повратен удар.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија
за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот
по однос на големината на листот за мазнење. Листови
за шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење,
можат да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на
листовите или да доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата со
четките со жица:
a) Внимавајте на тоа, дека четката со жица во текот на
вообичаената употреба губи парчињ од жицата. Не ги
преоптоварувајте жиците со премногу голем притисок
на допир. Парчиња од жицата што се разлетуваат можат да
навлезат низ тенка облека и/или во кожата.
b) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да
дојде до можност за допир помеѓу заштитната капа и
четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање може
да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат на
притисокот при допир и на центрифугалните сили.
115

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis