Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Упатство За Употреба - AEG Powertools WS 9-100 Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für WS 9-100:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 18
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Сочувајте ги
сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Заеднички безбедносни упатства за мазнење, мазнење
со рапава хартија, работа со жичани четки, полирање и
делење:
a) Овој електро-алат смее да се употребува како брусилка,
жичана четка и брусилка за сечење. Почитувајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, прикази и податоци,
кои ќе ги добиете со овој електро-алат. Доколку не ги
почитувате следните инструкции, може да дојде до електричен
удар, пожар и/или тешки повреди.
b) Овој електро-алат не е наменет за полирање. Секакви
употреби, за кои овој алат не е предвиден,
c) Не употребувајте прибор што не е предвиден и
препорачан од производителот специјално за овој
електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го
прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува
гаранција за сигурно употреба.
d ) Дозволениот број на вртежи на приборот мора да биде
најмалку толку голем колку што е максималниот број
на вртежи зададен на електро-алат. Приборот што се врти
побргу од дозволеното, може да се скрши и разлета.
e) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот
мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на
вашиот електро-алат. Приборите со несоодветна димензија не
можат да бидат соодветно заштитени или контролирани.
f) Дисковите за брусење, фланшовите, дисковите
(подножјата за брусење) или друг прибор мора прецизно
да соодветствуваат на осовината на вашиот електро-алат.
Приборот што не одговара прецизно во осовината на електро-
алатот, се врти нерамномерно, вибрира мошне јако и може да
доведе до губење на контролата.
g) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја
употреба извршете контрола, како на пример на
дисковите за брусење по однос на расцепи и пукнатини,
на подножјата за брусење по однос на пукнатини,
изабаност или голема искористеност, на четките со
жици по однос на лабави или скршени жици. Ако
електро-алатот или приборот паднат, проверете, дали
тие се оштетени или употребете неоштетен прибор. Ако
приборот сте го провериле и го употребувате, тогаш вие
и лицата, кои се наоѓаат во близина, треба да бидете вон
доменот на ротирачкиот прибор и оставете го приборот
да работи една минута со максимален број на вртежи.
Оштетениот прибор најчесто се крши во овој тест-период.
h) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита,
заштита за очите или заштитни очила. Доколку е
потребно, носете маска за заштита од прашина,
заштита за ушите, заштитни ракавици или специјална
престилка, со која се заштитувате од ситни честички
од шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат
заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои
настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина
и за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава
при работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна
бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
114
i) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на
работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа,
мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се
разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен
прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од
директниот делокруг на работа.
j) Држете го електричниот алат за издадените површини
при изведување на операции при кои алатот за сечење
можат да дојдат во контакт со скриени жици или
сопствениот гајтан. Контакт со жица под напон исто така ќе
направи проводници од металните делови и оној кој ракува со
алатот ќе доживее струен удар.
k) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана
од прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата над
електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се исече
или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да бидат
повлечени во приборот што се врти.
l) Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не
постигне состојба на комплетно мирување. Електро-алатот
што се врти може да дојде во контакт со површината, на којашто
се остава, а на тој начин можете да ја изгубите контролата над
електро-алатот.
m) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе
во вашето тело.
n) Редовно чистете ги отворите за воздух на вашиот
електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а значителното насобирање на метална прашина
може да предизвика електрична опасност.
o) Не го употребувајте електро-орудието во близина на
запаливи материјали. Искрите би можеле да ги запалат овие
материјали.
p) Не употребувајте орудија за примена, кои што
изискуваат течни средства за ладење. Употребата на
вода или други течни средства за ладење може да доведат до
електричен удар.
Повратен удар и соодветни напомени за безбедност
Повратен удар е ненадејната реакција како последица на
вртечкото орудие за примена кое што се заглавува или
блокира, како плоча за стругање, тањир за стругање, жичана
четка итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до нагло
стопирање на ротирачкото орудие за примена. Со тоа се забрзува
неконтролирано електро-орудие наспроти правецот на вртење
на орудието за примена на местото на блокирање.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува
во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот или
настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот во
точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат исто
така и да се скршат.
Повратниот ефект е резултат на неправилна употреба на пилата
и/или некоректни работни процедури или услови и може да биде
избегнат со превземање на соодветни претпазливи постапки
наведени подолу.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis