Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Подготовка За Работа - Bosch GCD 12 JL Professional Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCD 12 JL Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
OBJ_BUCH-1938-002.book Page 191 Wednesday, September 3, 2014 9:24 AM
– Полека водете ја надолу заштитната хауба со повратен
механизам 4 додека листот за пила целосно не се
покрие.
– Повторно зацврстете ги шрафовите за прицврстување
27 и 26.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика C)
Транспортниот осигурувач 14 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 16 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 14.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 14.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа,
транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре,
инаку рачката на апаратот нема да може да се навали на
саканата длабочина.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 14 може да се притисне
навнатре.
Другите напомени за транспорт видете ги на страна 193.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика D)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се продолжи налево со помош на
продолжетокот на масата за пила 11.
– Спуштете го затезниот лост 10 надолу.
– Извлечете го продолжетокот на масата за пила 11 до
саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за пила
повторно свртете го затезниот лост 10 нагоре.
Подесување на закосениот агол (види слика E)
Аголот на косо сечење може да се постави во граници од
0° до 45°.
Важните вредности за подесување се означени со
соодветните ознаки на аголниот граничник 6. Позициите
0° и 45° се утврдуваат со помош на крајниот граничник.
– Отпуштете ја затезната дршка 13 на аголниот граничник
6.
– Свртете го аголниот граничник 6 додека показателот на
агол 33 не го покаже аголот на косо сечење на скалата
34.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 13.
Bosch Power Tools
Означување на линијата на сечење (види слика F)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на листот
за пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да
го позиционирате за сечење, без да ја отворате
заштитната хауба со повратен механизам.
– Притоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот
19.
– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на
десниот раб на линијата на ласерот.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали линијата на
сечење е точно прикажана (види „Подесување на
ласерот", страна 192). Ласерскиот зрак може да се
помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика G)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
– Ставете го делот што се обработува на аголниот
граничник 6.
– Лостот за фиксирање 7 ставете го на делот што се
обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката
на вретеното 9.
Олабавување на делот што се обработува
– Олабавете ја рачката на вретеното 9.
– Отворете го делот за брзо отклучување 8 и извлечете го
вретеното за фиксирање 7 од делот што се обработува.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на шината на граничникот.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Форма на делот што се
обработува
100 x 100
Македонски | 191
Агол на косо сечење
45°
115 Ø
90 Ø
85 x 85
1 609 92A 0XZ | (3.9.14)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis