™
Лесен телескоп II SE 3M
Littmann
Намена:
Лесниот телескоп II SE 3M™ Littmann
®
е наменет за употреба од страна на здравствени работници само за медицински
дијагностички цели. Може да се користи за аускултација на звуци на срцето, белите дробови и други телесни звуци.
Ве молиме до 3М и до локалната надлежна власт (ЕУ) или локалната регулаторна власт да пријавите ако дошло до сериозен инцидент
при употреба на уредот.
Упатства за употреба (види ги сликите pp. 1):
• Ставете го во ушите: Слушалките треба да се насочени нанапрад кон носот (Слика 1).
• Прилагодете ја затегнатоста на слушалките за да добиете удобност и квалитен звук: Раздалечете ги слушалките (Слика 2)
или приближете (Слика 3).
• Одберете ја активната страна на микрофонот: Одберете ја мембраната или страната со отворен микрофон за аускултација на
пациентот. Држете ја цевката што излегува од микрофонот и ротирајте го за да ја смените страната што е акустички активна.
• Слушајте ги звуците со ниска и висока фреквенција со прилагодливите мембрани на Littman:
За да слушате звуци со пониска фреквенција, користете отворен микрофон (слика 4) или прилагодлива мембрана со лесен
o
притисок (слика 5).
За да слушате звуци со повисока фреквенција, користете ја прилагодливата мембрана и посилно притиснете врз телото на
o
пациентот (Слика 6).
За да слушате звуци со пониска и повисока фреквенција, само менувајте го притисокот врз мембраната.
o
Вадење на мембраната:
Отстранете го склопот на прстенот/мембраната со одвртување на прстенот од микрофонот. Потоа извадете ја мембраната од прстенот.
Склопување на прилагодливата мембрана:
Ставете го прстенот на мембраната со тоа што ќе започнете со прстенот поставен над сакатана страна на мембраната и вметнувајќи
го работ на мембраната во прстенот (Слика 7). Потоа закачете го склопот на прстенот/мембраната на микрофонот така што полека
ќе го завртувате прстенот врз работ на микрофонот користејќи ги двата палци (слика 8). Визуелно проверете го флексибилниот раб
на мембраната, каде што го допира прстенот и прилагодете ја ако е потребно за да биде правилно поставена (слика 9).
Чистење, дезинфекција и складирање:
По секој преглед исчистете го стетоскопот користејќи марамица со 70% изопропил алкохол или со марамица за еднократна употреба со
сапун и вода. Може да се користи 2% хидроген за дезинфекција на вашиот стетоскоп; меѓутоа, можно е цевките да ја изгубат бојата по
употреба на хидроген.
Прилагодливата мембрана, обвивката што го отстранува ладното чувство и слушалките може да се извадат за да се исчистат. Осигурете се
дека сите делови и површини се суви пред повторно склопување. За да ги извадите слушалките, повлечете ги посилно (слика 10). За да ги
прикачите слушалките, цврсто притиснете ја малата страна на крајот на цевката додека целосно не влезе на своето место (Слика 11). За да
спречите оштетување на ушниот канал, осигурете се дека слушалките се цврсто поставени на цевките пред да ги ставите во ушите.
За да спречите оштетување на стетоскопот, не потопувајте го во ниедна течност, не изложувајте го на ниеден процес на стерилизација
и не чувајте го на екстремна топлина. За да спречите обојување на цевките на стетоскопот, избегнувајте контакт со пенкала, маркери,
весници или друг печатен материјал. Добра практика е да го носите вашиот стетоскоп околу вратот кога е можно.
Фрлање: Фрлете го уредот/пакувањето во согласност со локалните/регионалните/националните/меѓународните регулативи.
Програма за сервис и гаранција за стетоскопот на Littmann: Лесниот телескоп II SE на Littmann има гаранција за какви било дефекти
на материјалот и изработката во период од две (2) години. Во гарантниот период, кога стетоскопот ќе биде вратен во 3М, поправките
ќе се вршат без надомест, освен во случаи на очигледна злоупотреба или ненамерно оштетување. За сервисирање и поправка во САД,
посетете ја веб-страницата www.littmann.com/service или јавете се на 1-800-292-6298. Ако сте надвор од САД, посетете ја веб-страницата
www.littmann.com за да најдете контакт информации за канцеларија на 3M во ваша близина.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.littmann.com.
[
®
Упатство за користење
29