македонски
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако косилката за трева не се користи како
што е предвидено, лицата може да бидат
сериозно повредени или да загинат и може
да се предизвика материјална штета.
► Користете ја косилката за трева како што
е опишано во ова упатство за употреба и
во упатството за употреба на моторот.
4.3
Обврски на корисникот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Корисниците без обука не можат да ги
препознаат или проценат опасностите на
косилката за трева. Корисникот или други
лица може да бидат сериозно повредени
или да загинат.
► Прочитајте, разберете и чувајте го
упатството за употреба.
► Ако косилка за трева се даде на друго
лице: Дајте ги упатствата за употреба на
косилката за трева и на моторот.
► Осигурете се дека корисникот ги
исполнува следниве услови:
– Корисникот е одморен.
– Корисникот е физички, сетилно и
ментално способен да работи со
косилката за трева. Доколку
корисникот има физички, сетилни или
ментални ограничувања, тој смее да
работи само под надзор или според
упатствата од страна на одговорно
лице.
– Корисникот може да ги препознае или
процени опасностите на косилката за
трева.
– Корисникот е свесен дека е
одговорен за евентуални несреќи и
штети.
– Осигурете се дека корисникот е
полнолетен или дека е обучен за
професијата согласно националните
регулативи.
– Корисникот добил насоки од
овластениот дилер на STIHL или
надлежно лице пред да работи со
косилката за трева првпат.
– Корисникот не е под влијание на
алкохол, лекови или дроги.
► Ако нешто не е јасно: Посетете овластен
дистрибутер на STIHL.
568
4.4
Облека и опрема
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ За време на работата, може да излетаат
предмети со голема брзина. Корисникот
може да биде повреден.
► Носете долги панталони изработени од
издржлив материјал.
■ Во текот на работењето се создава бучава.
Бучавата може да го оштети слухот.
► Носете заштита на слухот.
■ За време на работата може да се крене
прав. Вдишаниот прав може да го наруши
здравјето и да предизвика алергиски
реакции.
► Ако се крева прав: носете маска за
заштита од прав.
■ Несоодветната облека може да се заглави
во дрво, во грмушки и во косилката за
трева. Корисникот може да биде сериозно
повреден без соодветна облека.
► Носете припиена облека.
► Извадете ги шаловите и накитот.
■ Корисникот може да дојде во контакт со
ножот за време на чистење, одржување или
транспорт. Корисникот може да биде
повреден.
► Носете заштитни ракавици од отпорен
материјал.
► Носете цврсти, затворени обувки со ѓон
што не се лизга.
■ Ако корисникот носи несоодветни чевли, тој
или таа може да се лизне. Корисникот може
да биде повреден.
■ Може да излетаат метални честички од
ножот додека се остри. Корисникот може да
биде повреден.
► Носете добро припиени заштитни очила.
Соодветните заштитни очила се
проверени според стандардот EN 166,
EN ISO 16321 или според националните
прописи и на пазарот се достапни со
соодветна ознака.
► Носете заштитни ракавици од отпорен
материјал.
4.5
Работна област и околина
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Лицата, децата и животните во близина не
можат да ги препознаат или проценат
опасностите на косилката за трева и
предметите што излетуваат. Лицата,
децата и животните во близина може да
4 Безбедносни упатства
0478-111-9962-A