Herunterladen Diese Seite drucken

Philips AVENT SCD971/26 Bedienungsanleitung Seite 1250

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 147
1250
Македонски
APP
Проблем
Не можам да се
поврзам со мониторот
за бебето. Секој пат ми
се појавува екранот за
грешка во
поврзувањето. Во што е
проблемот?
Мониторот за бебе не
може да го прочита QR-
кодот на мојот паметен
уред. Што можам да
направам?
Често ја губам врската
со апликацијата. Во што
е проблемот?
Решение
Проверете дали вашиот паметен уред ја користи истата Wi-Fi мрежа на која
сакате да го поврзете мониторот за бебето.
Проверете го индикаторот за статус на уредот за бебето. Ако треба црвено
значи сте внеле погрешна лозинка за Wi-Fi. Повторно започнете го
процесот за поставување. Внесете ја точната лозинка за Wi-Fi.
Можеби SSID на рутерот (името на мрежата) или лозинката содржат
посебни симболи. Ако е така, сменете го името на SSID на рутерот или пак
лозинката, како што е соодветно.
Ако индикаторот за статус свети постојано црвено додека се обидувате да
се поврзете, тоа значи дека мониторот за бебе се поврзал со рутерот, но не
се поврзал на интернет. Потоа проверете дали имате пристап до Wi-Fi од
2,4 GHz така што ќе се обидете да пристапите до други апликации како
Јутјуб, Фејсбук итн. Ако другите апликации не реагираат, проверете дали
имате пристап до интернет. Ако има пристап до интернет, можеби
серверот е привремено недостапен. Обидете се да го поставите повторно
подоцна.
Можеби сте се обидувале да го поврзете мониторот за бебето на мрежа од
5 GHz.
Проверете дали сте избрале SSID за мрежа што поддржува 2,4 GHz.
QR-кодот треба да го држите на оддалеченост од околу 20 cm од леќата од
мониторот за бебето. Придвижете го паметниот уред горе, долу, лево или
десно како QR-кодот би бил директно пред леќата од мониторот за бебето.
Можете да го придвижите паметниот уред поблиску до, или подалеку од
леќата од мониторот за бебето, за да може правилно да се фокусира.
Проверете дали има доволно светлина во просторијата, но не треба да
биде премногу светло. Кога мониторот за бебето ќе го прочита QR-кодот,
ќе слушнете звучен сигнал за потврда, и индикаторот за статус од уредот за
бебето ќе свети бело.
Можеби со дел од раката го покривате QR-кодот. Држете го уредот така
што со раката нема да го покривате QR-кодот.
Ако индикаторот за статус на предната страна од мониторот за бебе
постојано свети бело и постојано ја губите врската, може да има проблем
со интернет-врската на вашиот рутер, паметен телефон или мониторот за
бебе. Проверете го Wi-Fi-сигналот на вашиот паметен телефон или
брзината на 4G или 5G така што ќе пробате да гледате филм, на пример на
Јутјуб. Или пак ресетирајте го рутерот за Wi-Fi.

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Avent scd973Avent scd971