Полнење на уредот за родителот
Уредот за родителот користи литиум-јонска батерија на полнење.
Следете ги чекорите подолу за да го наполните уредот за родителот:
1 Поврзете го адаптерот за напојување со уредот за родителот и ставете го
во штекер.
2 Индикаторот за статус на батеријата ќе свети портокалово што значи
дека уредот за родителот се полни.
3 Кога батеријата ќе се наполни целосно, индикаторот за статус на
батеријата постојано ќе свети во бела боја.
Ако го полните уредот за родителот 3 часа, потоа ќе можете да го
користите безжично приближно 12 часа во еко-режим.
Ако уредот за родителот се вклучи за време на полнењето, тогаш
полнењето ќе трае приближно двојно подолго.
Ако уредот за родителот не е приклучен во струја а батеријата е речиси
празна (помалку од 10%) индикаторот за статус на батеријата ќе трепка во
портокалова боја и ќе се слушне предупредувањето за ниско ниво на
батерија.
Ако батеријата од уредот за родителот е празна и тој не е приклучен во
струја, тогаш уредот за родителот ќе се исклучи и ќе се прекине врската со
уредот за бебето.
1221
Македонски