1246
Македонски
Нарачување додатоци
Рециклирање
Отстранување на вградена батерија на полнење
За да купите додатоци или резервни делови, посетете ја веб-страницата
www.philips.com/parts-and-accessories или отидете во продавница за
производи од Philips. Можете да контактирате и со центарот за грижа на
корисници на Philips во вашата земја (податоците за контакт ќе ги најдете во
меѓународниот гарантен лист).
-
Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба
да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата.
-
Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на
електрични производи и батерии.
Вградената батерија на полнење мора да се отстранува само од страна на
квалификуван професионалец кога се фрла производот. Пред да ја
отстранувате батеријата, проверете дали уредот е исклучен од ѕидниот
штекер и дали батеријата е целосно празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога
ракувате со алати за отворање на уредот и кога ја фрлате
батеријата на полнење.
Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете,
производот и батериите се суви.
За да се избегне случаен краток спој на батериите по
отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батериите да
дојдат во контакт со метални предмети (на пр., парички, шноли
за коса, прстени). Немојте да ги виткате батериите во
алуминиумска фолија. Залепете ги терминалите на батериите
или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.
Процедура:
1 Со помош на монета отворете ја преградата за батерии на задната
страна од уредот за родителот.
2 Извадете ги 2-те гумени ногалки на долната страна од уредот за
родителот.
3 Отстранете ги 2-те навртки што сега се видливи на долната страна од
уредот за родителот.
4 Извадете ја преградата за батеријата од уредот за родителот.
5 Отстранете ја батеријата.
Ако во вашата земја нема систем за собирање/рециклирање електронски
производи, тогаш може да ја заштитите животната средина со
отстранување и рециклирање на батеријата пред да го фрлите производот.