SenseIQ/Толкување плач
Проблем
Зошто нема анализа на
дишењето и
движењето?
Толкувањето плач не
работи, што да
направам?
Решение
Можеби не сте ја активирале/вклучиле функцијата SenseIQ.
Преземете ја апликацијата Philips Avent Baby Monitor+ (видете го делот
„Преземи апликација Baby Monitor+) на вашиот телефон и во менито на
уредот за родителот или апликацијата, вклучете ја функцијата SenseIQ.
Можеби уредот за бебето не е правилно поставен.
За да сте сигурни дека сè е добро монтирано и позиционирано, можете да
направите проверка на позиционирањето што се наоѓа во делот Упатства и
совети од менито Помош и поддршка во апликацијата. Финализирањето
на проверката за позиционирање треба да овозможи SenseIQ да
функционира без прекини откако ќе го овозможите.
Не користете еднобојно ќебе или вреќа за спиење и користете ќебиња или
бебешка облека со дезен за да ја подобрите видливоста. Треба да има
контраст помеѓу ќебето/вреќата за спиење на бебето и прекривката за
душекот.
Можеби уредот за бебето е премногу оддалечен од вашето бебе.
Ако користите држач за креветче, држачот треба да биде поставен на
долгата страна од креветчето. Ако користите држач за на ѕид,
оддалеченоста помеѓу креветчето и уредот за бебето не треба да биде
преголема. Ова ќе ви помогне да сте сигурни дека јасно се гледа целиот
дел каде што се наоѓа душекот на бебето и дека може без проблем да го
следите вашето бебе.
Веројатно врската за Wi-Fi е слаба или не е стабилна.
Проверете ја јачината на сигналот за Wi-Fi на страницата за поставки од
апликацијата и најдобро работи кога покажува „Одличен" или „Добар".
Можеби уредот за бебето не е добро поврзан.
Уредот за бебето треба да е правилно поврзан со уредот за родителот или
со апликацијата.
Уредот за бебето треба да е поставен близу до бебето за да го детектира
неговиот плач, и за да се сведат на минимум пречките од амбиенталната
бучава.
Веројатно претплатата е истечена.
Услугата Толкување плач е достапна за 90-дневен бесплатен пробен
период. Ако сакате да продолжите да ја користите, треба да се претплатите
на услугата со ZoundreamTM која се плаќа.
Веројатно има премногу бучава од околината.
Не ставајте го уредот за бебето во близина на гласни извори како
телевизори или уреди што произведуваат звуци и вибрации, како што се
паметните телефони во режим на вибрации. Овие звуци може да му
попречат на уредот точно да го детектира и толкува плачот на вашето
бебе.
Македонски
TM
.
1249