3 Индикаторот за статус ќе се смени во зелена боја кога уредот за бебето
ќе биде спремен за спарување.
4 Уредот за родителот и уредот за бебето треба да бидат на меѓусебно
растојание од најмалку 2,5 метри за да нема повратен акустичен сигнал.
Забелешка: Ако користите безжичен телефон, безжичен уред за видео,
Wi-Fi-мрежа, микробранова печка или Bluetooth уред на фреквенција од
2,4 GHz, може да дојде до пречки или кај уредот за родителот или кај
уредот за бебето. Во тој случај поместувајте го уредот за родителот сè
додека повеќе нема пречки.
5 Притиснете го и држете го копчето за вклучување/исклучување 1,5
секунда за да го вклучите уредот за родителот.
Екранот ќе се вклучи, ќе се појави штитот на Philips а индикаторот за
поврзување ќе свети црвено. Уредот за родителот ќе почне да го бара
уредот за бебето.
Кога уредот за родителот ќе се поврзе со уредот за бебето, индикаторот за
поврзување на уредот за родителот ќе почне да свети во бела боја и на
екранот ќе се прикажат една или повеќе ленти за јачина на сигналот.
1223
Македонски