1240
Македонски
Режим Eco
Забелешка: Индикаторот во бела боја за поврзување посочува дека уредот
за родителот сè уште е вклучен и поврзан со уредот за бебето.
Забелешка: Кога нивото на чувствителност не е поставено на највисоко
ниво, тивките звуци нема да се пренесат.
Забелешка: Поставете го нивото на чувствителност на највисоко за да
добивате континуиран звук преку уредот за родителот. За повеќе
информации прочитајте го делот „Режими и чувствителност".
Ако вашето бебе испушти каков било звук, ќе се вклучат индикаторите за
ниво на звук, а звуците што ќе ги детектира уредот за бебето се пренесуваат
до уредот за родителот. Сè додека нема никаков звук, индикаторите за ниво
на звук ќе бидат исклучени.
1 Притиснете го копчето за режим во горниот лев агол дел од уредот за
родителот.
2 Притиснете го долниот дел на копчето за контрола за да го вклучите еко-
режимот.
3 Притиснете го копчето за потврда за да го изберете еко-режимот.
Забелешка: кога екранот е вклучен, избраниот режим е видлив во
лентата за статус. Лентата за статус не е видлива кога е исклучен екранот.
Индикаторите за екранот и за нивото на звук ќе се исклучат ако не се
детектира звук во период од 20 секунди. Индикаторот за еко-режим ќе се
смени во бела боја за да укаже дека уредот за родителот сè уште е вклучен
и еко-режимот е сѐ уште активен.
Кога уредот за бебето ќе регистрира звук, индикаторот за екранот и за
нивото на звук на уредот за родителот ќе се вклучат веднаш, Видеото и
звуците се пренесуваат до уредот за родителот и индикаторите за ниво на
звук ќе почнат да светат во бела боја.
Сè додека нема никаков звук, индикаторите за ниво на звук ќе бидат
исклучени.
Забелешка: минималното ниво на звук што ги активира звукот и екранот се
дефинира во поставките за чувствителност.