3 Притиснете го копчето за контрола за да ја приспособите видеосликата.
Можете да го користите горниот/долниот/десниот/левиот дел од
копчето за контрола за да изберете кој дел од сликата ќе се прикажува
на уредот за родителот.
4 Притиснете го копчето за мени за да ја зачувате новата поставка и да
излезете.
5 Одете во менито за зумирање и исклучете ја функцијата за зумирање ако
сакате да ја одзумирате сликата на уредот за родителот.
Совет: Со долго притискање на копчето за потврда од две секунди,
добивате брз пристап до функцијата за зумирање.
Предупредување за температура
Сензорот за температура ви овозможува да ја следите температурата во
собата на бебето.
Забелешка: Моменталната температура во собата на бебето се
прикажува во лентата за статус на уредот за родителот.
1 Притиснете го копчето за мени во долниот десен дел од уредот за
родителот.
2 Изберете „Предупредување за температура" и притиснете го копчето за
потврда за да пристапите до функцијата за предупредување за
температура.
3 Предупредувањето за температура може да се вклучи или исклучи така
што ќе го притиснете го копчето за потврда со што можете да го
вклучите или исклучите.
1231
Македонски