Индикатори за ниво на звук
Режими на чувствителност
2 Лентата за осветленост ќе се појави на екранот за да го прикаже
избраното ниво на осветленост.
Забелешка: Уредот за родителот троши повеќе енергија кога нивото на
осветленост е повисоко.
Уредот за родителот континуирано го следи нивото на звук во собата на
бебето. Индикаторите за нивото на звук на уредот за родителот укажуваат
на тоа дали е забележан каков било звук во собата на бебето.
Сè додека нема никаков звук, индикаторите за ниво на звук ќе бидат
исклучени.
Кога уредот за бебето ќе регистрира звук, еден или повеќе индикатори за
нивото на звук на уредот за родителот ќе почнат да светат во бела боја.
Бројот на индикатори зависи од гласноста на регистрираниот звук.
Овој монитор за бебе има три различни режими што ви овозможуваат да
изберете како сакате да го следите вашето бебе: Видео, аудио, еко.
Нивото на чувствителност на уредот за бебето одредува што ќе слушате
преку уредот за родителот. Ако нивото е поставено на високо, тогаш ќе
слушате многу звуци, вклучувајќи ги и тивките звуци во заднина. Ако
поставите ниско ниво на чувствителност, тогаш ќе ги слушате само
погласните звуци.
1237
Македонски