1216
Македонски
5 Земете ги двете шипки и спојте ги за да добиете една подолга шипка.
Забелешка: Кога ќе се прицврстат, ќе чуете „клик".
6 Потоа, првин со адаптерот за напојување, вметнете ја шипката низ
отворот од стегата.
7 Наместете ја шипката на своето место со помош на точките на шипката и
стегата и завртете ја за 45° во насока на стрелките на часовникот како би
ја прицврстиле на тоа место.
8 Долниот дел од шипката е телескопски, така што можете да ја
продолжите до подот. Кабелот за напојување треба да го ставите во
еден од предвидените отвори на крајот од цевката во насока на штекер.
9 Поставете го кабелот таму каде што се спојуваат подот и ѕидот. Со
помош на испорачаниот адаптер за напојување, прицврстете го кабелот
од шипката и приклучете го во штекер.