1236
Македонски
Сино
Volume (Јачина на звук)
Осветленост на екранот
Постојано сино: Активиран е режимот за приватност.
Приспособете ја јачината на звукот на звучникот од уредот за родителот на
ниво по ваша желба.
1 Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за да ја
прилагодите јачината на звукот.
2 Лентата за јачина на звук ќе се појави на екранот за да ви го прикаже
избраното ниво на звук.
Забелешка: Ако јачината за звук е поставена на високо ниво, тогаш
уредот за родителот ќе троши повеќе енергија.
Забелешка: ако лентата за јачина на звук е на минимално ниво, тогаш
звукот се исклучува. На уредот за родителот ќе се прикаже икона за
исклучен звук во лентата за статус и ќе добивате само известувања и
видео од уредот за родителот.
Приспособете ја светлината на екранот од уредот за родителот на ниво по
ваша желба.
1 Притиснете го левиот или десниот дел на копчето за контрола за да ја
приспособите осветленоста на екранот од уредот за родителот.