1244
Македонски
Чистење и одржување
Бебето ќе може да ве слушне како зборувате во уредот родителот.
Истовремено, вие ќе ги слушате сите звуци кои ги прави бебето.
3 Кога ќе завршите со зборувањето повторно притиснете го копчето за
вистински разговор за да го исклучите.
Забелешка: Важно е да го исклучите разговорот кога ќе завршите за да
избегнете какви било неочекувани звуци кои би доаѓале од уредот за
бебето.
Предупредување: уредот за родителот, уредот за бебето и
адаптерите за напојување не смеат да се потопуваат во вода и
не треба да се чистат под млаз вода.
Предупредување: Не користете спрејови за чистење или течни
средства за чистење.
1 Исклучете го уредот за бебето, исклучете го адаптерот за напојување од
уредот за бебето и извадете го адаптерот за напојување од штекер.