Физичките лица можат да се обратат или во
продавницата каде што го купиле овој производ или
во службите на локалната самоуправа, за детали каде и
како да извршат рециклирање на производот на начин
безбеден за околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот
снабдувач и да ги проверат одредбите и условите
во договорот за набавка. Овој производ и неговиот
електронски прибор не треба да се мешаат со друг
комерцијален отпад.
Правилно отстранување на батериите на
овој производ
(Применливо во држави со посебни системи
за справување со отпадот)
Ознаката на батеријата, упатството или
пакувањето укажува дека батеријата во овој
производ не треба да се фрла заедно со
останатиот отпад од домаќинството. Местата каде што се
означени, хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат
дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над
препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC.
Батеријата која е составен дел од овој производ не
може да биде заменета од корисникот. За информации
за нејзина замена, Ве молиме обратете се до Вашиот
сервисен центар. Не обидувајте се да ја отстраните
батеријата или да ја фрлите во оган. Не расклопувајте ја,
не кршете ја или не дупчете ја батеријата. Ако сакате да
се ослободите од производот, местото за собирање отпад
ќе ги преземе неопходните мерки за рециклирање и
третман на производот, вклучувајќи ја и батеријата.
Македонски
468