Внимание
Доколку не се придржувате до
безбедносните предупредувања и
прописи, може да настанат повреди или
оштетување на имотот
Не користете го уредот во близина на други
електронски уреди
• Повеќето електронски уреди користат радио-
фреквентни сигнали. Вашиот уред може да предизвика
пречки во работата на другите електронски уреди.
• Користењето на податочна врска може да предизвика
пречки со други уреди, како што се аудиоопрема и
телефони.
Не користете го уредот во болница, во авион, или во
автомобилска опрема затоа што може да предизвика
пречки во нивната радиофреквенција
• Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот
уред во близина од 15 см до пејсмејкер, затоа што
уредот може да предизвика пречки во работата на
пејсмејкерот.
• За да ги доведете до минимум пречките со пејсмејкер,
користете го Вашиот уред само на спротивната страна
на Вашето тело од пејсмејкерот.
• Доколку користите медицинска опрема, контактирајте
го производителот на опремата пред да го користите
уредот за одредување дали опремата ќе биде под
влијание на радиофреквенцијата емитувана од уредот.
Македонски
456