• Во авион, користењето електронски уреди може да
создаде пречки во неговите електронски навигациски
инструменти. Осигурете се уредот да е исклучен за
време на полетување и слетување. По полетување,
можете да го користите уредот во режим за летало ако
тоа е дозволено од страна на екипажот.
• Електронските уреди во Вашиот автомобил може да
работат неправилно заради радиопречки од Вашиот
уред. Контактирајте го производителот за повеќе
информации.
Не изложувајте го уредот на густ чад или пареа
Во спротивно може да дојде до оштетување на
надворешноста од уредот или до негово неправилно
функционирање.
Ако користите помагало за слух, контактирајте го
производителот за инфорамции околу радиопречки
Радиофреквенцијата емитувана од Вашиот уред може
да создава пречки на одредени помагала за слух. Пред
користење на уредот, контактирајте го производителот
за да утврдите дали Вашето помагало за слух ќе биде
попречено од радиофреквенциите емитувани од уредот.
Не користете го Вашиот уред во близина на апарати
што емитуваат радиофреквенции, како што се звучни
системи или радиокули
Радиофреквенциите може да предизвикаат Вашиот уред
да функционира неправилно.
Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни
опкружувања
• Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш
придржувајте се кон прописите, упатствата и знаците.
Македонски
457