Користете го уредот само за неговата наменета
употреба
Вашиот уред може да функционира неправилно.
Избегнувајте да ги вознемирувате другите кога го
користите уредот во јавност
Дозволете само квалификувани лица да го
сервисираат Вашиот уред
Сервисирањето од неквалификувани лица на Вашиот
уред може да предизвика оштетување, а со тоа и
поништување на Вашата гаранција од производителот.
Обезбедете пристап до услугите за итни случаи
Повиците за итни случаи од Вашиот уред можеби нема
да бидат возможни во некои подрачја или околности.
Пред патување во оддалечени или неразвиени подрачја,
испланирајте резервен метод за контакт со персоналот
задолжен за итни повици.
Заштитете ги Вашите лични податоци, и спречете
протекување или злоупотреба на чувствителни
информации
• При користење на уредот, уверете се дека ќе направите
резервна копија на Вашите важни податоци. Samsung
не е одговорен за губењето какви било податоци.
• Кога сакате да го отстраните Вашиот уред, направете
резервна копија од Вашите податоци, потоа
ресетирајте го Вашиот уред за да спречите погрешна
употреба на Вашите лични податоци.
• Внимателно прочитајте го приказот со овластувања
кога преземате апликации. Особено бидете
претпазливи со апликации кои имаат пристап до многу
функции или до значајна количина на Вашите лични
податоци.
Македонски
465