Користете полначи, додатоци и прибор одобрени од
производителот
• Користењето генерички полнач може да го скрати
работниот век на Вашиот уред или да предизвика
негово неправилно функционирање. Тоа, исто така,
може да предизвика пожар или да предизвика
експлодирање на батеријата.
• Користете само полнач одобрен од Samsung конкретно
дизајнирани за Вашиот уред. Некомпатибилен
полнач може да предизвика сериозни повреди или
оштетување на Вашиот уред.
• Samsung не може да биде одговорен за безбедноста
на корисникот кога употребува додатоци или делови
коишто не се одобрени од Samsung.
Не испуштајте го и не предизвикувајте удари на
полначот или на уредот
Внимателно ракување и фрлање на уредот и
полначот во отпад
• Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган.
Никогаш не поставувајте ги батеријата или уредот на
или во загреани уреди, како што се микробранови
печки, рерни или радијатори. Уредот може да
експлодира доколку се загрее прекумерно. Следете
ги сите локални регулативи кога фрлате во отпад
употребена батерија или уред.
• Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот.
• Избегнете изложување на уредот на висок надворешен
притисок што може да доведе до внатрешен краток
спој и презагревање.
Македонски
453