Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од
оштетување
• Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на
многу ниски или многу високи температури.
• Екстремните температури може да го оштетат уредот и
да го намалат капацитетот на полнење и работниот век
на Вашиот уред и батерија.
• Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.
Не чувајте го уредот во близина или во грејачи,
микробранови печки, опрема за готвење или
контејнери со висок притисок
• Батеријата може да истече.
• Уредот може да се прегрее и да предизвика пожар.
Не чувајте го и не складирајте го Вашиот уред во
области со високи концентрации на прашина или
други материи присутни во воздухот
Прашината или надворешните материи може да
предизвикаат неправилно функционирање на Вашиот
уред и тоа може да резултира со пожар или електричен
шок.
Спречете повеќенаменскиот приклучок и малиот
крај на полначот да дојдат во контакт со проводливи
материјали, како што се течности, прав, метален прав
и графит
Проводливите материјали може да предизвикаат
краток спој или корозија на терминалите, што може да
резултира со експлозија или пожар.
Македонски
454