Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Македонски - Milwaukee Heavy Duty STC46-1 Originalbetriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 19
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Тип
Tежина празна
Носивост мала фиока
Носивост голема фиока
Носивост полица на преклопување
Максимална носивост
Максимална тежина
Димензии
ВНИМАНИЕ!
Прочитајте ги безбедносните напомени
и упатства. Заборавање на почитувањето на безбедносните
упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА КОЛИЧКА ЗА АЛАТИ
Користете ги количката и нејзините додатоци правилно и во
согласност со ова упатство, земајќи ги предвид соодветните
услови за работа. Ненаменетата употреба може да доведе до
опасни ситуации.
Монтирајте ја количката според овие упатства за монтажа.
Притоа монтирајте ги сите достапни делови.
Не менувајте ја количката. Користете ги само препорачаните
додатоци. Дупчењето дупки или менувањето на количката може
да ја намали нејзината носивост и поради тоа да се сруши, што,
за возврат, може да предизвика повреда.
Блокирајте ги тркалцата кога количката не се движи. Ако
тркалцата не се блокирани, количката може неочекувано да се
придвижи.
Користете ја количката само на рамна површина и немојте да
ја товарите, растоварате или паркирате на навалена површина
бидејќи може да стане нестабилна и да се преврти, што може да
резултира со повреда.
Осигурите се дека тежината е рамномерно распоредена за да
се избегне превртување на количката за алат. Количките што
немаат рамнотежа имаат поголеми можности да се превртат
кога се поместуваат или се користат како работна површина.
Распределете ја тежината рамномерно помеѓу предните и
задните делови и на двете страни. Пополнете ги долните фиоки
прво за да спречите ненамерно превртување на количката.
Не надминувајте ја максималната дозволена тежина во
наполнета состојба. Не надминувајте ја максималната
дозволена тежина за индивидуалните фиоки. Претоварените
колички можат да се превртат, да се срушат или да ги оштетат
шините на фиоките.
Секогаш отворајте само една фиока одеднаш. Во спротивно,
количката може да се преврти и да предизвика повреда.
Чувајте ги децата и лицата во близина подалеку при товарење,
истовар и поместување на количката. Невниманието може да
доведе до губење на контролата врз количката.
Подигајте ја количката само како што е опишано во ова упатство
и никогаш не ја подигајте за страничната рачка. Во спротивно
може да дојде до опасни ситуации и повреди.
Транспортирајте ја количката само кога е празна и обезбедете ја
доволно за време на транспортот.
Не прицврстувајте ја количката на површината за товарење на
камион или на кој било друг предмет што се движи.
Заклучете ги сите фиоки пред да ја придвижите количката. Во
спротивно, тие може да се отворат за време на придвижувањето
и да предизвикаат превртување на количката.
Користете ја рачката за да ја поместите количката само на
кратки растојанија.
84
SRC46-1
Челична количка за алати 46 " Додаток на челична количка за алати 46 "
147 kg
45 kg
90 kg
45 kg
1360 kg
1507 kg
1170 x 562 x 982 mm
1170 x 562 x 644 mm
Обезбедете ги сите додатоци пред да ја преместите количката.
Неприцврстените делови може да се излизгаат и да ја направат
количката нестабилна.
Немојте да ги користите фиоките како скали. Немојте да стоите
на количката. Во спротивно, количката може да се преврти и да
предизвика повреда. Немојте да стоите на страничната полица.
Полицата може да падне или да се скрши. Количката може да
се преврти и да предизвика повреди.
Немојте да ја користите количката во потенцијално експлозивни
атмосфери, на пр. во присуство на лесно запаливи течности,
гасови или прашина. Количката е опремена со делови што
можат да предизвикаат искри или електричен лак. Немојте да ја
користите количката во ниши или јами.
Приклучоците мора да се одговараат на приклучниците.
Во ниеден случај не менувајте го приклучокот. Немојте
да користите приклучоци со адаптер со заземјени повеќе
приклучоци на количката за алат или додатокот за количка за
алат. Оригиналните приклучоци и соодветните приклучници го
намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте контакт на телото со заземјени површини како што
се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемен
ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
Одржувајте ја количката. Осигурите се дека тркалцата се
исправени и не се блокирани, дека шините на фиоките и другите
додатоци не се оштетени или свиткани и дека нема други
услови што можат да влијаат на правилната работа. Немојте да
ја користите количката ако е оштетена.
Немојте да отстранувате етикети и таблички за тип. Овие
ознаки содржат важни информации. Доколку се нечитливи или
недостасуваат, контактирајте со Службата за корисници на
MILWAUKEE за бесплатна замена.
Количката да се сервисира од квалификувано стручно лице, кое
користи само оригинални резервни делови. Ова е единствениот
начин за одржување на безбедно функционирање на количката.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Количката за алат се користи за складирање и транспорт на
алати и работни материјали.
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ЧИСТЕЊЕ
Заштитете ја површината обложена со прав од агресивни
хемикалии (масло, маснотии или други хемикалии). Чистете
ги сите површини обложени со прав со средство за чистење
стакло. Одржувајте ги рачките и тркалата на количката чисти,
суви и без масло и маснотии. Користете само благ сапун и
влажна крпа за чистење на количката бидејќи некои средства
за чистење и растворувачи содржат супстанци што можат
да ги оштетат пластичните делови. Немојте за чистење да
користите бензин, терпентин, разредувач на боја, средства за
чистење што содржат хлор, амонијак или средства за чистење
во домаќинството што содржат амонијак. Немојте да користите
запаливи растворувачи во близина на количката.
МАКЕДОНСКИ
STC46-1
РАБОТА СО УРЕДОТ
93 kg
Поместување на количката на навалена или нерамна
површина
45 kg
Внимавајте количката да не стане нестабилна или да не се
преврти на навалена или нерамна површина. Немојте да ја
користите кога аголот на навалување е повеќе од 10 степени.
450 kg
Пред да ја поместите, заклучете ја количката и обезбедете ги
543 kg
сите додатоци.
Тркалање на количката
Количката е наменета за движење со тркалање само на кратки
растојанија. Користете ја рачката за да ја тркалате количката и
не влечете ја или туркајте ја за рамката бидејќи така може да
се преврти. Не менувајте ја количката. Дупчењето дупки или
менувањето на количката може да ја намали нејзината носивост
и поради тоа да се сруши, што, за возврат, може да предизвика
повреда. Пред да ја тркалате, заклучете ја количката и
обезбедете ги сите додатоци.
Подигање на количката
Количката не е наменета за подигнување. Во случај да е
наопходно да се подигне, прво испразнете ја количката. Потоа
поставете ги ремените за подигање помеѓу тркалцата или
вметнете ги виљушките од виљушкарот помеѓу тркалцата. Не
подигајте ја количката кога е натоварена и никогаш не подигајте
ја за страничната рачка. Пред подигањето, внимавајте никој да
не е во близина на количката.
Отворање на фиоките
Фиоките можат да се извлечат само до 75 % за да се избегне
преоптоварување и превртување на количката.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот
број на табличката со учинокот или во Вашата корисничка
служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Блокирајте ги тркалцата кога количката не се
движи. Ако тркалцата не се блокирани, количката
може неочекувано да се придвижи.
Немојте да ги користите фиоките како скали. Во
спротивно, количката може да се преврти и да
предизвика повреда.
Заклучете ги сите фиоки пред да ја придвижите
количката.
Додатокот на количката за алат мора по
поставувањето на количката за алат да се
зашрафи со доставените поврзувачи.
Бидете внимателни при затворање на капакот на
додатокот на количката за алат за да избегнете
потфаќање на прстите.
Секогаш отворајте само една фиока одеднаш.
Во спротивно, количката за алат, вклучително и
додатокот, може да се преврти и да предизвика
повреди.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот
отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или
кај специјализираниот трговски претставник,
каде има такви погони за рециклажа и собирни
станици.
МАКЕДОНСКИ
85

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Heavy duty src46-1

Inhaltsverzeichnis