Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

CYBEX Gold SOLUTION G I-FIX Bedienungsanleitung Seite 97

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
СЕРТИФИКАЦИЈА
ОН R129/03
SOLUTION G I-FIX
Specific Vehicle
CYBEX Solution G i-Fix со автоматски каиш со три
Booster Seat
точки на фиксирање: 100 см - 150 см
100cm – 150cm
Возраст: од приближно 3 години до приближно 12
години
030058
UN Regulation
No. 129/03
Cybex GmbH
Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth
Germany
Ви­благодариме­што­одлучивте­да­го­купите­детското­седиште­за­
автомобил­Solution­G­i-Fix.
Прочитајте­ги­внимателно­упатствата­пред­да­го­инсталирате­
седиштето­во­возилото­и­секогаш­чувајте­ги­овие­упатства­при­рака­
во­специјално­наменетиот­оддел­(12).
ВАЖНИ­ИНФОРМАЦИИ
Без одобрение на органот за типска хомологација, седиштето за
автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
Со цел детето да биде заштитено правилно, апсолутно е неопходно
да го користите седиштето за автомобил како што е опишано во овој
прирачник.
Не користете го пред детето да достигне висина од 100 см.
Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на
возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца
во согласност со прирачникот на возилото.
Соодветно е само за седишта на возила со автоматски каиши со три
точки за фиксирање одобрени во согласност со Регулативата бр. 16 на
ОН или со споредлив стандард.
Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани
во упатството и означени на системот за врзување деца.
Целата површина на наслонот за грб на седиштето за автомобил мора
да доаѓа во допир со наслонот за грб на возилото.
Каишот за рамо мора да минува нагоре и назад дијагонално. Никогаш
не смее да минува напред во правец на горната точка на каишот во
возилото.
Закопчувалката на каишот на возилото никогаш не смее да се
вкрстува со наслонот за рака на седиштето. Ако фиксниот држач на
каиш е премногу долг, седиштето за автомобил е несоодветно за
користење во оваа позиција во возилото.
Каишот со три точки за фиксирање мора да минува само низ
назначените жлебови. Жлебовите за водење на каишот се детално
опишани во овој прирачник и означени се на седиштето за автомобил
со зелена боја.
Скутниот каиш мора да минува што е можно пониско преку слабините
на детето за да има максимален ефект при судир.
Пред секоја употреба треба да се погрижите автоматскиот сигурносен
каиш за возило со три точки на фиксирање да биде приспособен
правилно и добро прицврстен на телото на детето. Никогаш не
превиткувајте го каишот!
Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му
понуди на детето максимална заштита и удобност, а истовремено да
гарантира дека каишот за рамо се поставува без пречки.
Седиштето за автомобил мора секогаш да биде прицврстено
правилно во возилото, дури и кога не се употребува.
Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето на автомобил не
е заглавено кога ја затворате вратата на автомобилот или кога го
приспособувате задното седиште.
Седиштето на автомобил е исто така тестирано и одобрено за
користење без линеарните заштитници од страничен удар.
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ
автомобилот, што би можело да предизвика смртоносни повреди.
Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без
навлаката на седиште. Погрижете се да се употребува само
оригинална навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен
елемент за функционирање на седиштето.
Никогаш не оставајте го детето во автомобилот без надзор.
Деловите на системот за врзување деца се загреваат на сонце и
може да предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете ги
детето и седиштето за автомобил од директно изложување на сончева
светлина.
Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето
за автомобил што не може да се види со голо око. Заменете го
седиштето за автомобил по сообраќајна несреќа. Ако се двоумите,
советувајте се со застапникот или со производителот.
Не користете го ова седиште за автомобил подолго од 11 години.
Седиштето за автомобил е изложено на големо оптоварување за
време на рокот на траење на производот, што води до промени во
квалитетот на материјалот со текот на времето.
MK
95

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis