Herunterladen Diese Seite drucken

Bayer Medrad Avanta Gebrauchsanleitung Seite 32

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Medrad Avanta:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
Македонски
Вовед: Прочитајте ги информациите содржани во оваа брошура.
Со разбирање на информациите ќе можете правилно да го
користите одржувачот на топлина на шприц MEDRAD
Важна безбедносна напомена: Одржувачот на топлина на шприц
MEDRAD Avanta е наменет да го користат стручни медицински
лица со соодветна обука и искуство во ангиографски постапки и
техники.
Намена: Одржувачот на топлина на шприц MEDRAD Avanta е
наменет да ја одржува топлината на контрастот во шприцот што
е прикачен на комората под притисок MEDRAD Avanta при
дијагностички и интервентни ангиографски постапки во
кардиологијата, радиологијата и васкуларната хирургија, за кои е
потребно операторот да го загрее контрастот.
Контраиндикации: Не е наменет да се користи со која било друга
опрема, освен со системот за инјектирање за управување со
течности MEDRAD Avanta.
Ограничена продажба: Само со рецепт.
Информации за усогласеност со Reach можат да се најдат на
www.REACH.bayer.com.
Предупредувања
Опасност од изгореници: Операторот може да се
повреди ако дојде во контакт со грејачот. Бидете
претпазливи при ракување со деловите на одржувачот на
топлина.
Може да дојде до повреда на пациентот или операторот
ако пакувањето е отворено или оштетено или ако
користите оштетени компоненти. Визуелно проверете ги
содржината и пакувањето пред секоја употреба.
Мерки на претпазливост
Ако не ја употребите правилната порта за поврзување
може да го оштетите конекторот на одржувачот на
топлина. Пронајдете ја правилната порта на системот
пред да го поврзете.
Одржувач на топлина на шприц MEDRAD Avanta
Одржувачот на топлина на шприц MEDRAD Avanta треба да се
користи по желба на операторот и не е неопходен за правилно
функционирање на системот за инјектирање за управување со
течности MEDRAD Avanta.
Чистење
Одржувачот на топлина на шприц MEDRAD Avanta треба да се
чисти со навлажнета крпа со сапун и вода. Секогаш исклучувајте
го напојувањето пред чистење.
Индикатор за грешки
Ако се вклучи црвено светло, тоа покажува дека одржувачот на
топлина на шприц MEDRAD Avanta е неисправен. Исклучете го
одржувачот на топлина од системот, почекајте најмалку 30
секунди и повторно поврзете го. Ако и понатаму свети црвеното
светло, исклучете го одржувачот на топлина на шприц MEDRAD
Avanta и тргнете го од употреба. Контактирајте со Bayer.
Инсталирање на одржувач на топлина на шприц
MEDRAD Avanta:
®
Avanta.
1. Инсталирајте го одржувачот на топлина на шприц MEDRAD
Avanta така што ќе го излизгате одоздола нагоре преку
комората под притисок на главата на инјекторот. Проверете
дали FluiDots се гледаат одозгора.
2. Приклучете го одржувачот на топлина на шприц MEDRAD
Avanta во портата за одржувачот на топлина на шприц
MEDRAD Avanta што се наоѓа на дното на главата на
инјекторот MEDRAD Avanta.
Забелешка: Не користете прекумерна сила за да го вметнете
конекторот.
MEDRAD Avanta
шприц
Порта за одржувач
на топлина
3. Проверете ја топлината на одржувачот на топлина на шприц
MEDRAD Avanta веднаш откако ќе го поврзете со главата на
инјекторот.
Глава на инјектор (долен дел)
32

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Ava 500 syrh