Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Carrier SensatION 42QHB07D8S Installationsanleitung Seite 161

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 262
7. ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
7.19 ВРАЌАЊЕ
При отстранување на средството за ладење од системот, дали за сервисирање или повлекување од
употреба, се препорачува примена на безбедно отстранување на сите средства за ладење.
При преносот на средството за ладење во цилиндрите, уверете се дека се користат соодветните
цилиндри за враќање. Уверете се дека на располагање го имате точниот број цилиндри потребни за
да се собере целото полнење на системот. Сите цилиндри што се користат се наменети за вратеното
средство за ладење и се етикетирани за тоа средство (т.е. специјални цилиндри за враќање на
средството за ладење). Вентилите за ослободување на притисокот и поврзаните вентили за затворање
на цилиндрите се во добра работна состојба.
Од празните цилиндри за враќање се испушта воздухот и, доколку е можно, истите се ладат пред
враќањето.
Опремата за враќање треба да е во добра работна состојба со збир на упатства во врска со опремата
при рака и треба да е соодветна за враќање запаливи средства за ладење. Исто така, на располагање
треба да имате и неколку калибрирани ваги во добра работна состојба.
Цревата треба да се во добра состојба и да нема протекување кај приклучоците за исклучување.
Пред употребата на машината за враќање, проверете дали таа е во добра работна состојба, дали е
правилно одржувана и дали сите поврзани електрични составни делови се запечатени за да се спречи
палење во случај на ослободување на средството за ладење. Ако се сомневате, советувајте се со
производителот.
Собраното средство за ладење ќе се врати кај набавувачот во правилниот цилиндар за враќање и со
соодветна „Забелешка за пренос на отпад". Не мешајте средства за ладење во единиците за враќање,
а особено не во цилиндрите.
Ако се отстрануваат компресорите или маслото од компресорите, уверете се дека воздухот е
испуштен до прифатливо ниво за да бидете сигурни дека запаливо средство за ладење не останало во
лубрикантот. Процесот на испуштање ќе се изврши пред враќањето на компресорот на набавувачот.
На телото на компресорот ќе се употреби електрично затоплување за да се забрза процесот.
Испуштањето на маслото од системот треба да се изврши внимателно.
7.20 ТРАНСПОРТ, ОЗНАЧУВАЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ НА ЕДИНИЦИТЕ
1. Транспортот на опремата што содржи запаливи средства за ладење
Во согласност со регулативите за транспорт
2. Означување на опремата со помош на знаци
Во согласност со локалните регулативи
3. Фрлање во отпад на опремата што содржи запаливи средства за ладење
Во согласност со националните регулативи
4. Складирање на опремата/апаратите
Складирањето на опремата треба да биде во согласност со упатствата на производителот.
5. Складирање на спакувана (непродадена) опрема
Со заштитата на пакувањето при складирање треба да се обезбеди дека доколку дојде до механичкото
оштетување на опремата во пакувањето, тоа нема да предизвика протекување на наполнетото
средство за ладење.
Максималниот број парчиња од опремата што е дозволено да се складираат заедно ќе биде утврден со
локалните регулативи.
20

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis