Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Информации За Сервисирање - Carrier SensatION 42QHB07D8S Installationsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 262
7. ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
7.1 ПРОВЕРКИ НА ПОДРАЧЈЕТО
Пред започнувањето со работа врз системите што содржат запаливи средства за ладење, безбедносните
проверки се неопходни за да се уверите дека ризикот од палење е минимален. За поправка на системот
за ладење, следниве мерки за претпазливост треба да се исполнат пред вршење работи врз системот.
7.2 РАБОТНА ПОСТАПКА
Работите ќе се извршуваат според контролирана постапка за да се намали ризикот од присуството на
запалив гас или пареа додека се одвива работата.
7.3 ОПШТО РАБОТНО ПОДРАЧЈЕ
Целиот персонал за одржување и другите кои работат во локалното подрачје треба да се информираат
за природата на работите што се спроведуваат и да се избегнува работа во затворен простор.
Подрачјето околу работниот простор ќе биде одделено. Уверете се дека условите во подрачјето се
безбедни преку контрола на запаливите материјали.
7.4 ПРОВЕРКА ЗА ПРИСУСТВО НА СРЕДСТВО ЗА ЛАДЕЊЕ
Подрачјето треба да се провери со соодветен детектор на средство за ладење пред и за време на
работата, за да се уверите дека техничарот е свесен за потенцијално запаливите атмосфери. Уверете
се дека опремата за детекција на протекување што се користи е соодветна за употреба со запаливи
средства за ладење, т.е. без искри, соодветно запечатена или дека има внатрешна заштита.
7.5 ПРИСУСТВО НА ПРОТИВПОЖАРЕН АПАРАТ
Ако врз опремата за ладење или врз нејзините делови спроведувате топлинска обработка, при рака
треба да имате соодветна опрема за противпожарна заштита. Имајте противпожарен апарат со сув
прашок или CO
во непосредна близина на подрачјето за полнење.
2
7.6 БЕЗ ИЗВОРИ НА ПАЛЕЊЕ
Ниедно лице кое врши работи поврзани со системот за ладење, вклучувајќи откривање на цевките што
содржат или содржеле запаливо средство за ладење, нема да користи извори на палење на таков начин
што може да доведе до ризик од пожар или експлозија. Сите можни извори на палење, вклучувајќи ги и
цигарите, треба да се држат на доволно растојание од локацијата за монтажа, поправка, отстранување
или фрлање во отпад, затоа што запаливото средство за ладење може да се ослободи во околниот
простор. Пред почетокот со работата, прегледајте го подрачјето околу опремата за да се уверите дека
не постои опасност од запалување или ризик од палење. Истакнете знаци за „ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ".
7.7 ПОДРАЧЈЕ СО ВЕНТИЛАЦИЈА
Уверете се дека подрачјето е на отворено и дека има соодветна вентилација пред да влезете во
системот или да спроведете топлинска обработка. Вентилацијата во намален обем ќе остане вклучена
и при спроведувањето на работата. Вентилацијата треба безбедно да го растера ослободеното средство
за ладење и по можност да го исфрли надвор во атмосферата.
7.8 ПРОВЕРКИ НА ОПРЕМАТА ЗА ЛАДЕЊЕ
Составните делови што се менуваат треба да одговараат на намената и да ја имаат правилната
спецификација. Во секое време треба да се почитуваат насоките на производителот во врска со
одржувањето и сервисирањето. Ако се сомневате, советувајте се со техничкиот оддел на производителот
за помош. Следниве проверки ќе се применат врз инсталациите што користат запаливи средства за
ладење:
16

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis