Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Carrier SensatION 42QHB07D8S Installationsanleitung Seite 160

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 262
7. ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ
7.16 ПОСТАПКИ ЗА ПОЛНЕЊЕ
Покрај конвенционалните постапки за полнење, треба да се следат и следниве барања:
Уверете се дека не се случува загадувањето на различните средства за ладење при употребата на
опремата за полнење. Цревата или линиите треба да бидат што е можно пократки за да се намали
количеството на средство за ладење содржано во нив.
Цилиндрите треба да се чуваат исправено.
Уверете се дека системот за ладење е заземјен пред да го наполните со средство за ладење.
Ставете етикета на системот кога ќе завршите со полнењето (ако нема од претходно).
Посветете особено внимание да не го преполните системот за ладење.
Пред повторното полнење на системот, извршете тестирање на притисокот со азот без кислород.
Системот мора да се тестира за протекување по завршувањето со полнењето, но пред ставањето во
употреба. Следен тест за протекување
7.17 ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД УПОТРЕБА
Пред извршување на постапката, од суштинско значење е техничарот целосно да ја познава опремата и
сите нејзини детали. Како добра практика се препорачува безбедно враќање на сите средства за ладење.
Пред спроведувањето на задачата, се зема примерок од маслото и средството за ладење.
Потребна е анализа на примерокот пред повторната употреба на вратеното средство за ладење. Пред
почетокот на задачата, важно е да има достапно електрично напојување.
а) Запознајте се со опремата и работењето.
б) Изолирајте го системот електрично
в) Пред да ја пробате постапката, уверете се дека:
на располагање имате механичка опрема за ракување; ако е потребно, за ракување со цилиндри за
ладење;
на располагање е сета опрема за лична заштита и истата правилно се користи;
постапката за враќање цело време ја надгледува стручно лице;
опремата за враќање и цилиндрите се во согласност со соодветните стандарди.
г) Испумпајте го системот за ладење, ако е можно.
д) Ако вакуум не е можен, направете колектор за средството за ладење да може да се отстрани од
различни делови од системот.
ѓ) Проверете дали цилиндарот е сместен на вага пред да започнете со враќањето.
е) Вклучете ја машината за враќање и ракувајте со неа во согласност со упатствата на производителот.
ж) Не преполнувајте ги цилиндрите. (Не надминувајте 80% од волуменот со течно полнење).
з) Не надминувајте го максималниот работен притисок на цилиндарот, дури и ако е привремено.
ѕ) Откако цилиндрите правилно ќе се наполнат и процесот ќе заврши, погрижете се цилиндрите и
опремата навремено да се отстранат од локацијата, а сите вентили за изолација на опремата да се
затворат.
и) Вратеното средство за ладење нема да се полни во друг систем за ладење освен ако не е исчистено
и проверено .
7.18 ЕТИКЕТИРАЊЕ
Опремата треба да има етикета на којашто е наведено дека е повлечена од употреба и дека средството
за ладење е испразнето. Етикетата треба да има датум и потпис. Проверете дали има етикети на
опремата на коишто е наведено дека опремата содржи запаливо средство за ладење.
19

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis