Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

CYBEX SIRONA Z Bedienungsanleitung Seite 127

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ЛЕЖЕЧКА ПОЗИЦИЈА
За да го приспособите седиштето во лежечка позиција, притиснете ја Рачката за
приспособување на позиција (20) што се наоѓа на предниот дел на седиштето.
Ви препорачуваме да ја користите најрамната лежечка позиција за деца кои
��
сè уште не се способни да седат исправени самостојно.
Секогаш треба да бидете сигурни дека го слушате звукот на фиксирање на
��
детското седиште кога го приспособувате, без оглед дали се наоѓа во лежечка
или исправена позиција.
БЕЗБЕДНО ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
1. Завртете го седиштето во позиција за влегување (можно само кога ја
користите Base Z).
2. Притиснете го Копчето за приспособување на каишот (21) и повлечете ги
истовремено двата Каиша за рамо (22) за да ги олабавите.
3. Отворете го Копецот на каиш (23) со цврсто притискање на црвеното копче.
4. Јазичињата за закопчување (24) сега може да се прикачат на назначените
места на навлаката користејќи ги интегрираните магнети.
5. Ставете го детето во детското седиште со задникот завртен наназад.
6. Поставете ги Каишите за рамо (22) директно преку рамената на детето.
7. Поставете ги двете Јазичиња за закопчување (24) заедно и заклучете ги во
Копецот на каиш (23). Треба да слушнете звук на закопчување.
8. Ако користите седиште со спојка SensorSafe, туркајте ја спојката за да
се затвори сè додека не слушнете звук на заклучување и турнете ја
затворената спојка надолу кон Копецот на каиш (23).
9. Затегнете ги Скутните каиши (25) и потоа повлечете го Централниот каиш за
приспособување (26) за да ги затегнете Каишите за рамо (22) сè додека не
се прицврстат удобно на телото на детето.
Сигурносниот каиш треба да биде наместен доволно цврсто, но да не
��
дозволува превиткување на кој било каиш.
10. Кога ја користите спојката SensorSafe, поставете ја директно под
подлошките за рамо.
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ
Навлаката на детското седиште се состои од 4 дела. Тие се прицврстуваат на
неколку места на детското седиште. Штом ќе ги откачите, индивидуалните
делови на навлаката може да се отстранат. За да ја поставите навлаката
повторно, следете ги упатствата за отстранување по обратен редослед.
Пред да ја исперите Влошката за новороденчиња (4), мора да ја отстраните
пената. На материјалот постојат отвори за оваа намена.
Навлаката може да се пери само на температура од 30°C, на програма
��
за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави бледнеење на
материјалот на навлаката. Перете ја навлаката одделно од друга облека и не
сушете ја во машина за сушење алишта или на директна сончева светлина!
ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И РЕГУЛАТИВА ЗА
ДЕПОНИРАЊЕ ВО ОТПАД
CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој производ
ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која производот
му е продаден на клиентот од застапник или во малопродажба. Содржината
на гаранцијата и сите основни информации потребни за потврдување на
гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница:
go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Без разлика на
прикажаната гаранција во описот на производот, вие сепак ќе имате законски
права кон нас во случај на дефект.
Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.
MK
125

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis