Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

CYBEX SIRONA Z Bedienungsanleitung Seite 126

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
1. Отклопете ја Потпорната ногалка (3) сè додека не се најде во
најоддалечената позиција. Ако користите основа Z, ќе слушате
предупредувачки звучен сигнал сè додека потпорната ногалка не се
монтира правилно.
2. Ослободете ги Копчињата за отпуштање ISOFIX (6) за да ги протегнете
Рачките за заклучување ISOFIX (7).
Копчињата за отпуштање ISOFIX може да се отпуштат самостојно, со што им
��
се дозволува на Рачките за заклучување ISOFIX да се приспособат независно.
3. Турнете ги Рачките за заклучување ISOFIX (7) од основата онолку колку што
се отвораат.
4. Поставете ја основата на соодветно седиште во возилото.
5. Турнете ги Рачките за заклучување ISOFIX (7) во Точките за закотвување
ISOFIX (8) сè додека не се фиксираат во соодветната позиција и додека
не чуете звук на закопчување. Бојата на двата Индикатори ISOFIX (9) ќе се
промени од ЦРВЕНА во ЗЕЛЕНА.
6. Бидете сигурни дека основата е безбедна, обидувајќи се да ја извлечете од
Точките за закотвување ISOFIX (8).
7. Турнете ја Основата (2) кон наслонот за грб на седиштето на возилото сè
додека не се порамни целосно со наслонот за грб.
Движењето на основата од една на друга страна, исто така ќе ја потпре
��
наспроти наслонот за грб на возилото.
8. Притиснете го копчето за приспособување на Потпорната ногалка (10) и
извлечете ја ногалката сè додека не го допре подот на возилото.
9. Повлечете на Потпорната ногалка (3) нанадвор до следната позиција за
фиксирање за да обезбедите оптимално пренесување на силата.
10. Индикаторот на Потпорната ногалка (11) ќе стане ЗЕЛЕН кога Потпорната
ногалка ќе се постави правилно на подот на возилото. Кога ја користите
Base Z, предупредувачкиот звучен сигнал ќе запре.
11. Поставете го детското седиште на Основата (2).
12. Детското седиште е фиксирано во правилна позиција кога ќе слушнете звук
на ЗАКЛУЧУВАЊЕ.
13. Проверете дали Индикаторот за заклучување на седиштето (12) на основата
е ЗЕЛЕН.
14. За да постигнете најдобра можна заштита, активирајте ја Линеарната
заштита од странични удари (13) на страната на детското седиште што е
MK
завртена кон вратата на возилото. За да го направите тоа, притиснете го
Копчето за отпуштање на L.S.P (4)
124
Детското седиште може исто така да се употребува и без активирана L.S.P, ако
��
во возилото нема доволно простор.
ОТСТРАНУВАЊЕ ОД ВОЗИЛОТО
1. За да го отклучите детското седиште од основата, турнете го Зеленото копче
за ослободување на седиштето (15) и истовремено повлечете го нагоре
Горното копче за ослободување на седиште (16).
2. Навалете го благо седиштето и подигнете го од основата.
3. Отклучете ги Рачките за заклучување ISOFIX (7) притискајќи истовремено на
Копчињата за отпуштање ISOFIX (6) и влечејќи ги наназад.
4. Извлечете ја Основата (2) од Точките за закотвување ISOFIX (8).
5. Отстранете ја Основата (2) и турнете ги Рачките за заклучување ISOFIX (7)
целосно наназад во своите транспортни позиции.
6. Турнете ја наназад Потпорната ногалка (3) во почетната позиција и потоа
преклопете ја за да заштедите простор.
7. Ако ја користите Base Z, важно е да ја преклопите целосно потпорната
ногалка за да се исклучи предупредувачкиот сигнал. На долната страна на
основата е прикажана позицијата за прицврстување на Потпорната ногалка
(17) за да ви покаже каде треба да ја поставите ногалката.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВАТА
Може да го приспособите наслонот за глава (18) со помош на Рачката за
приспособување на наслонот за глава (19) што се наоѓа во задниот дел на
Наслонот за глава (18). Кога го приспособувате наслонот за глава, треба да се
погрижите растојанието помеѓу рамената на детето и наслонот за глава да не е
поголемо од 2 см (приближно 2 прста).
ФУНКЦИЈА ЗА ВРТЕЊЕ
Функцијата за вртење е достапна само во комбинација со Base Z. Повлечете
ја Рачката за приспособување на позиција (20) што се наоѓа на предниот дел
на седиштето и поставете ја во исправена позиција. Сега може да го завртите
детското седиште.
��
Ви препорачуваме да ја деактивирате L.S.P. пред да го завртите седиштето.
Пред да го почнете патувањето, бидете сигурни дека детското седиште е
правилно фиксирано во соодветната позиција.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis