Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Мерки На Одржување - Wilo Rexa CUT GI-Serie Einbau- Und Betriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
mk
9.5
Мерки на одржување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Дограден алат за сечење: остри рабови на
плочата за сечење и на ротирачкото сечиво!
Алатот за сечење може да ви ги исече
екстремитетите! Носете заштитни ракавици
против исекотини и не фаќајте го алатот за
сечење!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Повреди по рацете, нозете или очите
поради заштитна опрема што паѓа!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се
работи. Носете ја следната заштитна опрема:
• Безбедносни ракавици за заштита од
исекотини
• Заштитни чевли
• Затворени заштитни очила
Пред да почнете со мерките за одржување, мора да
ги исполните следните предуслови:
▪ Пумпата треба да се излади на температура на
околината.
▪ Пумпата треба да биде темелно исчистетена и (по
потреба) дезинфицирана.
9.5.1
Препорачани мерки за одржување
За работата да биде непречена, се препорачува
редовна контрола на потрошувачката на струја и на
работниот напон за сите три фази. При нормална
работа овие вредности не се менуваат. Можни се
лесни вибрации во зависност од својствата на
медиумот. Потрошувачката на струја може да биде
индикатор за предвремено препознавање и
отстранување на оштетувања или грешки во
функциите на работното коло, лежиштето или
моторот. Поголемите варијации на напонот ја
оптоваруваат намотката на моторот и можат да
предизвикаат расипување на пумпата. Редовната
контрола може да помогне да се избегнат големи
оштетувања како последица, а исто така опаѓа и
ризикот за тотално расипување на пумпата. За да
можете да правите редовна проверка, се
препорачува да употребите опрема за далечинско
надгледување.
9.5.2
Визуелна проверка на кабелот за поврзување
Проверете го кабелот за поврзување за:
▪ Набабрувања
588
Сервисирање
▪ Пукнатини
▪ Гребаници
▪ Разлабавеност
▪ Нагмеченост
Кога ќе утврдите оштетување на кабелот за
поврзување, вендаш отстранете ја пумпата од
употреба! Заменете го кабелот за поврзување со
помош на службата за односи со корисниците.
Можете да ја вратите пумпата во работа откако ќе се
отстрани штетата од страна на стручно лице!
ВНИМАНИТЕЛНО! Во пумпата може да навлезе вода
поради оштетен кабел за поврзување!
Навлегувањето вода може води кон тотално
расипување на пумпата.
9.5.3
Визуелна проверка на опрема
Опремата треба да се провери за:
▪ Правилно прицврстување
▪ Слободна функција
▪ Знаци на трошење, на пример, исекотини поради
нишања
Утврдените недостатоци мора веднаш да бидат
поправени или опремата да биде заменета.
9.5.4
Визуелна проверка дали се изабени внесувањето
слоеви и куќиштето
Внесувањето слоеви како и деловите на куќиштето
може да се оштетат. Доколку утврдите недостатоци,
треба да внимавате на следните работи:
▪ Секогаш кога е оштетено внесувањето слоеви, тоа
треба да се поправи.
▪ Ако се изабени деловите на куќиштето, мора да се
јавите во службата за односи со корисниците!
9.5.5
Проверка на функцијата на уредите за
надгледување
За да се проверат отпорниците, пумпата мора да
биде изладена на температура на околината!
9.5.5.1 Проверете ја отпорноста на температурниот сензор
Проверете ја отпорноста на температурниот сензор
со омметар. Биметалниот сензор мора да има мерна
вредност од 0 Ohm (премин).
9.5.5.2 Проверете ја отпорноста на надворешната
електрода за надгледување на заптивна комора
Измерете ја отпорноста на електродата со омметар.
Измерената вредност мора да биде спротивна на
„бесконечност". Кај вредности од ≤ 30 kOhm значи
дека има вода во маслото, по што треба да се смени!
WILO SE 2019-02

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis