Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PWR 180 CE Originalbetriebsanleitung Seite 291

Wandbearbeitungssysteme
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PWR 180 CE:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-2193-004.book Page 292 Friday, September 9, 2016 9:08 AM
292 | Македонски
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење на рачниот дел
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
– Редовно вадете го алатот што се вметнува и исчистете
го пропелерот 13 со соодветен вшмукувач.
– Отстранете ги тврдокорните остатоци од тапет со
соодветен алат, на пр. одвртувач.
Чистење на филтерот за време на работата
„EasyClean"
При намален капацитет на вшмукување, филтерот 31
мора да се исчисти.
– Свртете го капакот на филтерот 25 најмалку 3 пати во
правец на стрелката.
Со тоа ќе се истресе правта од филтерот 31. Звукот што
ќе го чуете е предизвикан од системот.
Чистење на контејнерот за прав и филтерот
(види слики K1–K6)
За да овозможите оптимално вшмукување на прав,
редовно празнете го контејнерот за прав 24и редовно
чистете го филтерот 31.
– Извлечете ги нанадвор стегите за прицврстување 27 на
горниот дел од капакот на филтерот 25.
– Извадете го капакот за филтерот 25 заедно со филтерот
31.
– Одвртете го филтерскиот елемент 31 од поклопецот за
филтерот 25.
– Истресете го контејнерот за прав 24 и - доколку е
неопходно - филтерот 31 над соодветен контејнер за
отпад.
– Доколку е потребно, исчистете го контејнерот за прав
со една влажна крпа.
По чистењето со влажна крпа, оставете го контејнерот
за прав добро да се исуши.
– Исчистете ги ламелите на филтерскиот елемент 31 со
вшмукувач.
Филтерскиот елемент 31 може да го исчистите и под
течна вода. Потоа оставете го 24 часа да се исуши.
Не го чистете филтерскиот елемент 31 со четка,
бидејќи може да се оштетат ламелите.
– Повторно завртете го филтерскиот елемент 31 во
поклопецот за филтерот 25.
– Извлечете ги стегите за прицврстување 27 за
едноставно поставување на капакот на филтерот 25 од
долу нагоре, стоејќи цврсто.
1 609 92A 1LR | (9.9.16)
– Поставете го капакот на филтерот 25 заедно со
филтерот 31 повторно на контејнерот за прав. Отворот
32 на капакот на филтерот мора да посегнува во
испакнатиот дел над држачот 30.
– Закачете ги стегите за прицврстување 27 на долната
страна и притиснете ги нагоре над работ на капакот на
филтерот 25.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба, елек-
тричните апарати што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се реци-
клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis