Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PWR 180 CE Originalbetriebsanleitung Seite 282

Wandbearbeitungssysteme
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PWR 180 CE:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-2193-004.book Page 283 Friday, September 9, 2016 9:08 AM
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Деблокирајте го прекинувачот за
вклучување/исклучување и ставете го во позиција
Исклучено, доколку се прекине напојувањето со
струја, на пр. по снемување струја или влечење на
струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите
неконтролирано рестартирање на уредот.
 Користете го електричниот уред само за суво
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
уред го зголемува ризикот од електричен удар.
 Електричниот апарат користете само доколку е
вклучен за обработка на парчето и исклучете го
веднаш по обработката. Електричниот апарат може
одеднаш да се придвижи.
 Внимавајте на тоа, да нема лица во близина на
искрите што летаат. Отстранете ги запаливите
материјали што се во близина. При брусењето на
материјали настанува опасност од искрите што летаат.
 Не користете изабени, скршени или уништени
апарати за брусење. Оштетените апарати за брусење
може да се скршат, распаднат и да повредат некого.
 Не користете брусни плочи за сечење или плочи за
грубо брусење. Електричниот апарат не е погоден за
примена на овие алати за вметнување. Постои опасност
од повреда!
 При работата на електричниот апарат секогаш
користете го испорачаното црево за вшмукување и
соодветен вшмукувач за прав. Користењето на
вшмукувач за прав може да ја намали опасноста која
што може да ја предизвика правта.
 Внимание, постои опасност од пожар! Избегнувајте
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав. Правта од
брусењето, микро честичките, хартиената кеса (или
филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав)
можат самите да се запалат при неповолни услови, како
на пр. летање на искри при брусење на метали.
Особена опасност постои, доколку правта од
брусењето се измеша со остатоци од лак, полиретан
или други хемиски материјали и доколку парчето што
се бруси се вжешти по долготрајна работа.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за
заштита од прав и ев.ракавици. Како маска за
заштита од прав носете маска од класата FFP 2 со
филтрирање на најмалку една честичка.
Bosch Power Tools
 Доколку обработувате камен, користете вшмукувач
за прав. Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен
за вшмукување на прав при обработка на камен.
Користењето на овие уреди ја намалува опасноста
предизвикана од правта.
 Не ги допирајте алатите за вметнување, пред да се
оладат. Алатите за вметнување за време на
работењето стануваат многу жешки.
 При менувањето на алатот што се вметнува носете
заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се
вжештува по долготрајна употреба.
 Не обработувајте материјали, при чија обработка се
ослободуваат материи опасни по здравјето, на пр.
прав од бука или даб, камен или азбест. Овие
супстанци важат за канцерогени.
 Информирајте се за важечките прописи/закони во
врска со постапување со материи опасни по
здравјето во Вашата земја.
 Никогаш не го допирајте алатот за брусење доколку
е во погон. Постои опасност од повреда.
 По потреба за време на работата употребете скеле.
Доколку работите качени на скала нема да може да
работите во безбедна позиција.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
За приклучување на цревото за
вшмукување на рачниот дел,
контејнерот за прав или адаптерот за
вшмукување, цревото за вшмукување
мора да се стави во односниот
приклучен дел, додека не се вклопат
двете копчиња на притискање
(„CLOSE").
За демонтажа мора да ги притиснете
двете копчиња на притискање
навнатре и лесно да го одвртите
цревото за вшмукување („OPEN").
Потоа извлечете ги компонентите
една од друга.
„EasyAdapt"
На адаптерот за вшмукување може да
се приклучат различни марки со
помош на цревото за вшмукување.
„Bagless Filter Technology"
Системот за филтрирање без
користење на кеси ја заштедува
употребата од кеси за прав.
Македонски | 283
1 609 92A 1LR | (9.9.16)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis