mk
9.5.7
Менување масло на заптивна
комора
668
Сервисирање
11.За целосно да се испразни системот за ладење, исплакнете го системот со
чиста вода.
12.Ако е вградена затворачка куглеста славина на отворот за испуштање,
затворете ја.
13.Исчистете го шрафот за затворање (-), ставете му нов заптивен прстен и
повторно завртете го. Макс. вртежен момент: 8 Nm (5,9 ft·lb)!
14.Новиот работен материјал се дополнува преку отворот на моторот.
15.На внатрешната страна од куќиштето се наоѓаат две ознаки. Работниот
материјал мора да се дополни за да достигне до горната ознака „max.".
⇒ Придржувајте се до податоците за видот и количината работен
материјал!
НАПОМЕНА! За да имате долготрајна заштита од корозија и мраз,
употребете го даденото разладно средство P35! Внимавајте на
податоците за дозволените концентрации и соодноси на мешавина!
16.Исчистете го капакот на моторот и обновете го О-прстенот.
17.Поставете го капакот на моторот врз куќиштето на моторот и повторно
завртете ги шрафовите со глава за имбус. За макс. вртежен момент: видете
во прилог!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работниот материјал е под висок притисок!
Во моторот може да се создаде притисок од повеќе бари! Притисокот се
намалува кога ќе ги отворите шрафовите за затворање. Доколку невнимателно
ги одвртите, може да се случи силно протекување! За да избегнете повреди,
внимавајте на следниве инструкции:
• Придржувајте се до пропишаниот редослед на работните чекори.
• Одвртувајте ги шрафовите полека и не целосно. Штом почне да се
ослободува притисокот (ќе слушнете како се испушта воздух), не вртете
повеќе!
• Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете ги шрафовите.
• Носете затворени заштитни очила.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Изгореници поради жежок работен материјал!
Кога ќе се испушти притисокот, може да почне да прска жежок работен
материјал. Притоа може и да се изгорите! За да избегнете повреди, мора да
внимавате на следниве инструкции:
• Оставете мотор да се излади на температура на околината, а потоа
отворете ги шрафовите за затворање.
• Носете затворени заштитни очила или заштита за лицето, како и
ракавици.
WILO SE 2019-01