Herunterladen Diese Seite drucken

Wilo HC 20.1 + EMU FA Einbau- Und Betriebsanleitung Seite 667

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
9.5.6
Замена на разладно средство
1
max
-
Fig. 10: Проверка на разладното средство
Упатство за вградување и работа Wilo Motor HC 20.1 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID
Сервисирање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работниот материјал е под висок притисок!
Во моторот може да се создаде притисок од повеќе бари! Притисокот се
намалува кога ќе ги отворите шрафовите за затворање. Доколку невнимателно
ги одвртите, може да се случи силно протекување! За да избегнете повреди,
внимавајте на следниве инструкции:
• Придржувајте се до пропишаниот редослед на работните чекори.
• Одвртувајте ги шрафовите полека и не целосно. Штом почне да се
ослободува притисокот (ќе слушнете како се испушта воздух), не вртете
повеќе!
• Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете ги шрафовите.
• Носете затворени заштитни очила.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Изгореници поради жежок работен материјал!
Кога ќе се испушти притисокот, може да почне да прска жежок работен
материјал. Притоа може и да се изгорите! За да избегнете повреди, мора да
внимавате на следниве инструкции:
• Оставете мотор да се излади на температура на околината, а потоа
отворете ги шрафовите за затворање.
• Носете затворени заштитни очила или заштита за лицето, како и
ракавици.
1
Вентил за прекумерен притисок
2
Шраф со глава за имбус за прицврстување на капакот на моторот
-
Испуштање разладно средство
2
Пумпата не е вградена.
Пумпата не е приклучена за електричната мрежа.
Заштитната опрема е поставена!
1. Поставете ја пумпата вертикално на цврста подлога.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од нагмечување на дланките. Осигурете се
дека пумпата не може да падне или да се излизга!
2. Поставете соодветен резервоар за собирање на работниот материјал.
3. За да го испуштите можниот прекумерен притисок, завртете го вентилот за
прекумерен притисок за 3 – 4 пати.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прекумерен притисок во моторот! Ако слушнете звук
или свиркање, не вртете повеќе! Почекајте додека целосно не опадне
притисокот.
4. Кога притисокот ќе опадне, целосно одвртете го вентилот за прекумерен
притисок.
5. Заменете го заптивниот прстен и O-прстен на вентилот за прекумерен
-
притисок.
6. Повторно завртете го вентилот за прекумерен притисок. Макс. вртежен
момент: 55 Nm (40,5 ft·lb)!
7. Одвртете ги накрсно шрафовите со глава за имбус на капакот на моторот.
8. Отстранете го капакот на моторот.
9. Одвртете го шрафот за затворање (-) и испуштете го работниот материјал.
Ако е вградена затворачка куглеста славина на отворот за испуштање,
отворете ја.
10.Проверете го работниот материјал: Ако во работниот материјал има метални
честички, стапете во контакт со службата за односи со корисниците!
mk
667

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Rexa supraRexa solid