Herunterladen Diese Seite drucken

Makita EN410MP Betriebsanleitung Seite 66

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für EN410MP:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 39
8.
Не пресегајте се предалеку. Одржувајте добра стабилност
и рамнотежа со нозете цело време. Внимавајте на скриени
пречки, како на пример трупци, корења и дупки, за да
избегнете сопнување. Тргајте ги паднатите гранки и другите
предмети од патот.
9.
Никогаш не работете качени на скала или на дрво за да
избегнете губење на контролата.
10. Не држете ја машината повисоко од висина на рамо.
11. За време на работењето, никогаш не удирајте ги ножевите
од тврди пречки како камења и метали. Особено внимавајте
кога сечете жива ограда во близина на огради од жица
или веднаш спроти нив. Кога работите блиску до земјата,
погрижете се да нема песок, чакал или камчиња помеѓу
ножевите.
12. Ако ножевите дојдат во контакт со камчиња или други
цврсти предмети, веднаш запрете го моторот и проверете
ги ножевите за оштетување, но откако ќе ја извадите
свеќичката или касетата со батерии. Заменети ги ножевите
ако се оштетени.
13. Ако во ножевите се заглават дебели гранки, веднаш
исклучете го моторот, спуштете го поткаструвачот на жива
ограда и потоа отстранете ја пречката, но откако ќе ја
извадите свеќичката или касетата со батерии. Проверете
дали се оштетени ножевите пред повторно да ја користите
опремата.
14. Никогаш не допирајте ги ножевите или не приближувајте ги
до себе додека се движат. Ножевите можат лесно да отсечат
прст. Пред да работите со ножевите или да го нагодувате
аголот на ножот, исклучете го моторот и извадете го капачето
на свеќичката или касетата на батеријата.
15. Ако го забрзувате моторот кога се блокирани ножевите,
се зголемува неговото оптоварување, па моторот и/или
спојницата ќе се оштетат.
16. При работата, често проверувајте дали ножевите за сечење
имаат пукнатини или тапи рабови. Пред проверката,
исклучете го моторот и почекајте ножевите целосно да
запрат. Веднаш заменете ги оштетените или тапи ножеви,
дури и ако имаат само површински пукнатини.
17. Ако опремата се здобие со тежок удар или пад, проверете ја
нејзината состојба пред да продолжите со работа. Проверете
дали има протекување во системот за гориво и дефект
кај контролните и сигурносните уреди. Доколку има какво
било оштетување или сомнеж за тоа, побарајте проверка и
поправка од наш овластен сервисен центар.
18. Не допирајте го куќиштето на преносниот систем. Куќиштето
на преносниот систем се вжештува за време на работата.
19. Одморајте се за да спречите губење на контролата заради
замор. Препорачуваме да правите паузи за одмор од по 10
до 20 минути на секој час.
20. Кога го оставате алатот, дури и за кратко време, секогаш
исклучувајте го моторот или вадете ја касетата со батерии.
Ако опремата се остави без ваше присуство со вклучен
мотор, може да биде употребена од неовластено лице и да
предизвика тешка несреќа.
21. Пред сечењето, повлечете го целосно лостот на регулаторот
за да се постигне максимална брзина.
22. Следете го прирачникот со упатства на уредот за напојување
за правилна употреба на контролниот лост и прекинувач.
23. За време на работата, како и по неа, не ставајте ја
вжештената опрема на сува трева или крај запаливи
материјали.
Транспортирање
1.
Пред да ја транспортирате опремата, исклучете го моторот
и извадете го капачето на свеќичката или на касетата
со батерии. При транспорт, секогаш нека биде наместен
капакот на ножевите.
2.
Кога ја носите опремата, носете ја во хоризонтална положба,
држејќи ја за осовината. Држете го жешкиот придушувач
подалеку од телото.
3.
Кога ја транспортирате опремата во возило, добро
прицврстете ја за да не се превртува. Инаку, може да дојде
до истурање гориво и оштетување на опремата и другиот
багаж.
Одржување
1.
Пред да ја одржувате, поправате или чистите опремата,
секогаш исклучете го моторот и извадете го капачето на
свеќичката или касетата со батерии. Почекајте да се излади
моторот.
2.
За да се намали ризикот од оган, никогаш не сервисирајте ја
опремата во близина на оган.
3.
Носете заштитни ракавици секогаш кога ракувате со
ножевите.
4.
Секогаш чистете ги прашината и нечистотиите од
опремата. За таа цел, никогаш не користете бензин,
бензол, разредувач, алкохол или слично. Може да дојде
до менување на бојата, на обликот или пукнатини на
пластичните компоненти.
5.
По секоја употреба, стегнете ги сите завртки и навртки, освен
оние за нагодување на карбураторот.
6.
Одржувајте го алатот за сечење остар. Ако ножевите за
сечење се истапиле и сечењето е лошо, побарајте острење
на ножевите во наш овластен сервисен центар.
7.
Никогаш не поправајте свиткани или скршени ножеви со
нивно исправање или заварување. Така може делови
од ножот да паднат и да доведат до сериозна повреда.
Контактирајте со нашиот овластен центар за оригинални
ножеви Makita за замена.
8.
Не обидувајте се да извршувате какво било одржување
или поправки што не се опишани во оваа брошура или во
прирачникот со упатства на уредот за напојување. За такви
работи, обратете се кај наш овластен сервисен центар.
9.
Секогаш користете исклучиво оригинални резервни делови
и прибор на Makita. Употребата на резервни делови или
прибор од трета страна може да резултира со кршење на
опремата, оштетување на имотот и/или тешка повреда.
10. Обратете се кај наш овластен сервисен центар за поправка
и одржување на поткаструвачот на жива ограда на редовни
временски интервали.
Складирање
1.
Пред да ја складирате опремата, извршете целосно чистење
и одржување. Наместете го капакот на ножевите.
2.
Складирајте ја опремата на суво и високо или заклучено
место надвор од дофат на деца.
3.
Не потпирајте ја опремата на нешта како на пример на
ѕид. Во спротивно, поткаструвачот на жива ограда може
ненадејно да падне и да предизвика повреда.
Прва помош
1.
Секогаш имајте прибор за прва помош во близина. Веднаш
заменете го секој дел изваден од приборот за прва помош.
Кога барате помош, дајте ги следниве информации:
2.
Место каде се случила незгодата
Што се случило
Број на повредени лица
Природа на повредата
Вашето име
ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ
► Сл.3
Ножеви
Куќиште на
1
2
преносен
МАКЕДОНСКИ
66
Капаче
3
4
систем
Капак на нож

Werbung

loading