Herunterladen Diese Seite drucken

Stihl AL 100 Gebrauchsanleitung Seite 30

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
m
Задолжително запазете ги
следниве безбедносни упатства.
Задолжително запазете го
упатството за употреба на уредот
STIHL, односно на уредот VIKING
што работи со оваа
акумулаторска батерија!
Внимавајте на опасниот
електричен напон.
Лица, што заради ограничени физички,
перцептивни или ментални способности
не се во состојба да ракуваат со уредот
безбедно, смеат да работат само под
надзор или според упатствата на
одговорно лице.
Внимавајте на децата, за да бидете
сигурни дека не играат со уредот.
За полнење смеат да се користат само
геометриски соодветни акумулаторски
батерии STIHL со капацитет до најмногу
50 Ah и напон до најмногу 42 волти.
Расипани, оштетени или деформирани
акумулаторски батерии не смеат да се
полнат.
Приклучувајте го уредот за полнење на
мрежниот напон и на мрежната
фреквенција што се наведени на
плочката со карактеристики –
приклучувајте го уредот за полнење
само на лесно достапни штекери за
струја.
Расипан или оштетен уред за полнење
не смее да се користи.
Не отворајте го уредот за полнење.
Чувајте го уредот за полнење подалеку
од деца.
Заштитете го уредот за полнење
од дожд и влага.
Употреба и чување само во
затворени и суви простории.
Користете го уредот за полнење
на температури на околината меѓу +5 °C
и +40 °C.
Не покривајте го уредот за полнење, за
да може непречено да се разладува.
Не допирајте ги контактите на уредот за
полнење со метални предмети (на пр.
30
шајки, метални пари, накит) (краток
спој).
Краткиот спој може да го оштети уредот
за полнење.
При појава на чад или оган во уредот за
полнење, веднаш извлечете го
приклучникот за струја.
Не ставајте предмети во разладните
отвори на уредот за полнење – опасност
од електричен удар, односно од краток
спој.
Не оставајте го уредот за полнење да
работи на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил) односно, во
лесно запалива околина – опасност од
пожар!
Уредот не смее да се користи во околина
каде постои опасност од експлозија, т.е.
во околина каде што има запаливи
течности (испарувања), гасови или прав.
Уредите за полнење може да создадат
искри што може да ги запалат правот
или испарувањата – опасност од
експлозија!
Редовно проверувајте дали е
оштетен кабелот на уредот за
полнење. При оштетување на
кабелот, веднаш извлечете го
приклучникот за струја – опасност по
живот од струен удар!
Не извлекувајте го приклучникот за
струја од штекерот со влечење на
кабелот, туку секогаш држејќи го
приклучникот. Оштетениот кабел за
струја треба да го поправи стручен
електричар.
Не злоупотребувајте го кабелот, на пр.
за носење или за закачување на уредот
за полнење.
Не употребувајте кабли што не
одговараат на прописите.
Кабелот треба да се положи и означи
така што никој нема да може да го
оштети или да се сопне од него – за да
се избегне опасноста од сопнување.
Опасноста од струен удар може да се
намали:
• ако приклучникот за струја е
приклучен на правилно инсталиран
штекер
• ако изолацијата на кабелот за струја и
на штекерот е во беспрекорна
состојба
По употребата на уредот за полнење
извлечете го приклучникот за струја.
ЕЗ Изјава за сообразност
Овој уред е произведен и е пуштен во
продажба во согласност со следниве
норми:
2006/95/EG, 2004/108/EG и 2011/65/EU
Целосната изјава за сообразност е
достапна кај: 1
Технички податоци
AL 100
Номинален напон:
220-240 V, 50 Hz
Номинална струја:
0,6 А
Номинална моќност: 75 W
Струја на полнење: 1,6 А
Безбедносна класа: II, E (двојна изолација)
AL 300
Номинален напон:
220-240 V, 50 Hz, 220 V,
1)
60 Hz
, 127 V, 60 Hz
100 V, 50-60 Hz
Номинална струја:
2,6 A / 4,4 A
Номинална моќност: 330 W
Струја на полнење: 6,5 А
Безбедносна класа: II, E (двојна изолација)
AL 500
Номинален напон:
220-240 V, 50 Hz
100 V, 50-60 Hz
Номинална струја:
2,6 A / 5,7 A
Номинална моќност: 570 W / 580 W
Струја на полнење: 12 А
Безбедносна класа: II, E (двојна изолација)
1)
220 V модел за Бразил
2)
127 V модел за Бразил
3)
100 V модел за Јапонија
Времетраење на полнењето:
погледнете под 2
2)
3)
2)
3)
/ 5,6 A
3)
3)
3)

Werbung

loading