Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Grundfos LSV Montage- Und Betriebsanleitung Seite 979

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für LSV:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 111
Подигање на моторот
3.2.2 Основа
Ви препорачуваме да ја инсталирате пумпата на
бетонска основа, која е доволно тешка за да
обезбеди постојана и цврста поддршка за целата
пумпа. Фундаментот мора да може да ги
апсорбира сите вибрации, нормални напрегања
или потреси. Препорачуваме тежината на
бетонската основа да биде 3 пати поголема од
тежината на комплетната единица на пумпата. За
специфични барања, консултирајте се со
изведувачот, инженерот или воспоставените
индустриски стандарди.
Во инсталации каде што бесшумното работење е
од особено значење, препорачуваме основата да
има маса до 5 пати поголема од комплетната маса
на единицата на пумпата.
3.2.3 Придушувачи на вибрации
Можно е да бидат потребни придушувачи за
вибрации за да се спречи пренесувањето на
вибрациите на пумпата на зградата или на
цевките. За да го изберете правилниот тип на
придушувачи за вибрации, потребни ви се
следниве информации:
Сили кои се пренесуваат преку придушувачот.
Брзина на моторот. Земете ја предвид
брзината во случај на контрола на бразината.
Посакувано придушување во %.
Препорачаната вредност е 70%.
Изборот на придушувачот на вибрации се
разликува во зависност од инсталацијата. Во
одредени случаи, погрешно избран придушувач
може да го зголеми нивото на вибрации. Поради
тоа, димензијата на придушувачите на вибрации
мора да ја одреди доставувачот на
придушувачите.
3.2.4 Компензатори
Компензаторите ги имаат следниве предности:
апсорпција на топлинското ширење и
собирање на цевките предизвикано од
варијации во температурата на течноста
намалување на механичките влијанија
поврзани со напливи на притисок во цевките
изолирање на структурната бучава во цевките
(само гумени компензатори).
Не поставувајте компензатори за да
надоместите за непрецизности во
цевките, како што се централна
дислокација или непорамнетост на
прирабниците.
Поставете ги компензаторите на минимално
растојание од 2 од дијаметарот на цевката (DN)
оддалечени од прирабницата на пумпата од
доводната страна. Со тоа се спречува
турбуленција во споевите, со што се обезбедуваат
оптимални услови за вшмукување и минимална
загуба на притисок од одводната страна.
979

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis