Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTM 12 JL Professional Originalbetriebsanleitung Seite 343

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTM 12 JL Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
пред да го користите како пила за скратување и сечење
под агол:
– Олабавете го лостот за затегање (68) под масата за
пила (59).
– Повлечете ја масата за пила до крај нагоре.
– Држете ја масата за пила во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за затегање.
– Позиционирајте го паралелниот граничник (61) како
заштита над сечилото за пила.
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на
алатот (18), за да го ослободи транспортниот
осигурувач (38).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (38).
– Отстранете го долниот поклопец на сечилото за
пила (66) и турнете го во жлебот на десната страна на
паралелниот граничник (61).
Не фрлајте го долниот поклопец на сечилото за
u
пила! Не е возможно да се ракува со комбинираната
пила како столна тркалезна пила без да се вметне
долниот поклопец на сечилото за пила!
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
– Олабавете ја завртката за блокирање (44).
– Турнете ја подесливата гранична водилка (31)
целосно навнатре.
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (44).
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пила (види слика 
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
– Олабавете ги двете завртки со внатрешна шестаголна
глава (41) со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (5).
– Извлечете го продолжувањето на масата за пила (29)
до крај и повторно затегнете ги завртките со
внатрешна шестаголна глава.
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика 
C)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот за
обработка.
Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за
добро да се прицврстат.
– Цврсто притиснете го делот што се обработува на
граничната водилка (30).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (21) во
отворите предвидени за таа намена (28).
– Олабавете ја пеперутка-завртката (43) и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
навојната прачка (42).
Bosch Power Tools
Поместување на граничната водилка (види слика 
D)
При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја
поместите подесливата гранична водилка (31).
– Олабавете ја завртката за блокирање (44).
– Целосно извлечете ја граничната водилка (31)
нанадвор.
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (44).
По сечење на вертикални агли на закосување, повторно
вратете ја назад подесливата гранична водилка (31)
(олабавете ја завртката за фиксирање (44); поместете ја
граничната водилка (31) целосно навнатре; повторно
зетегнете ја завртката за фиксирање).
Подесување на закосениот агол
За правење на прецизни резови, по интензивно
користење на електричниот алат мора да проверите во
основните поставки и евентуално да го подесите (види
„Проверка и подесување на основните поставки").
Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање (25)
пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се
заглави во делот што се обработува.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција
Пила за скратување и сечење под агол.
Поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување (види слика 
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, на масата за пила има жлебови (27):
B)
лево
45°; 31,6°; 22,5°; 15°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (25), доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот (26) и свртете ја масата за
пила (22) до саканиот жлеб на левата или десната
страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да
се вклопи во жлебот.
Поставување на хоризонтални агли на закосување
(види слика 
F)
Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси
во граници од 48° (на левата страна) до 48° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (25), доколку е
затегнато.
– Повлечете ја рачката (26) и истовремено притиснете
ја стегата за фиксирање (45), додека таа не се вклопи
во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за
пила ќе биде слободно подвижна.
– Свртете ја масата за пила (22) со копчето за
фиксирање кон лево или десно и со помош на скалата
за фино подесување (46) поставете го саканиот агол
на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (25).
Македонски | 343
E)
десно
15°; 22,5°; 31,6°; 45°
1 609 92A 7SS | (06.03.2023)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis